Палата Рубен
Објекти/Палатата Рубен е изградена во 1927 год. по проект на рускиот архитект Иван Артемушкин, за потребите на семејството Рубен. Објектот е слободностоечки, необично за градска палата, се развива во приземје, три ката и поткровје. Иако поставен на агол меѓу две улици, нема акцентиран третман кон истиот или активно приземје. Изведен е со сопствен систем за греење и вода, додека во мансардниот дел од скалишниот простор е сместен и резервоар за вода.
Иако спакувани во соодветно третирана фасадна обработка, овие асиметрични решенија всушност следат одредени внатрешни функционални зафати, со што и овој објект наклонува кон одредени поставки на модерната архитектура. Пристапот кон објектот е преку два главни влеза, еден од ул. „Престолонаследник Александар“ (денес бул. „Илинден“), преку кој се пристапува кон првиот кат преку карактеристичен елемент – мост, и друг од ул. „Јеврејска“ (денешна ул. „Наум Наумовски Борче“) преку кој се пристапува до скалишното јадро во објектот. Дополнително, предвидени се уште два влеза кои водат директно во дворот на објектот.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1927
Инвеститор / Сопственик Рубен Емил
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса бул. „Илинден“ бр.78
Катност П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- КатностП+3+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Приземјето и катовисте се со станбена намена.СтруктураОбјектот е изведен од ѕидови од тула дебели 45 см, армиранобетонски меѓукатни конструкции и скали. Тој се одликува со специфична катна височина од 3,50 м, а во приземјето таа изнесува дури 3,80 м. Зградата е изведена со систем за греење, пумпа за вода, како и резервар за вода сместен на мансардниот дел од скалишниот простор.ПокривПовеќеводен кос покрив, дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаОбјектот има три улични фасади, секоја различна од останатите. Перфорирани со ритмички поставени прозорци, во нагласени вертикални сегменти, испакнати или вдлабнати од фасадната обвивка. Овие сегменти се дополнително украсени со релјефни орнаменти, рустични ниши и столбови. Строгоста во изборот на неопходните стилски форми како елементи кои обврзуваат ce согледува во непогрешливиот избор на дорски столбови во приземјето како база врз која ce развива целокупното расчленување на лачно исфрлениот волумен на предната фасада.СтоларијаПрозорците се изработени од чамово дрво, а надворешите врати од борово дрво.ПартерДворот од една страна граничи со друг објект, од другите две ограден со бетонска ограда со вертикални столпчиња и продори во горна зона; декоративни метални порти при три влеза во двор (затворен отворениот пролаз кон дворот) и еден кон главен влез во објект; бетонски скулпурален мост за влез низ тераса во приземје.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски скали, завршна обработка во терацо со декоративна метална ограда со дрвен гелендер. Ѕидовите се завршно обработени во малтер, а внатрешните врати се од чамово дрво.Ентериер / Приватни содржиниВнтрешноста на објектот изобилува со раскошни простории, високи тавани и стилски мебел.КонтекстПалатата Рубен се наоѓа веднаш до Градскиот парк, поставена слободностоечки, со двор, создава посебен однос кон четири различни страни, три улични фасади, без посебен акцент на аголот. Објектот се истакнува од околните објекти по неговата монументалност, со нивно надвишување, како и декоративно развивање на три од четири фасади.
- ПокривПовеќеводен кос покрив, дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаДенес фасадата на објектот е во бела боја. Објектот има три улучни фасади, секоја различна од останатите. Перфорирани со ритмички поставени прозорци, во нагласени вертикални сегменти, испакнати или вдлабнати од фасадната обвивка. Овие сегменти се дополнително украсени со релјефни орнаменти, рустични ниши и столбови. Строгоста во изборот на неопходните стилски форми како елементи кои обврзуваат ce согледува во непогрешливиот избор на дорски столбови во приземјето како база врз која ce развива целокупното расчленување на лачно исфрлениот волумен на предната фасада.СтоларијаПрозорците се дрвени, освен на една фасада каде се заменети со ПВЦ столарија во бела боја. Надворешните врати се дрвени.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски скали - завршна обработка во терацо, дел од подести – плочки, декоративна метална ограда со дрвен гелендер, ѕидови – внатрешна обработка во малтер, внатрешни врати – дел дрвени, дел алуминиумски.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешносталошаАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениДоградба на поткровје до фасадна линија (оригинално – повелечено од фронт). Поставени натстрешници на некои од балконите. Во 2015 год. Конзерваторскиот центар Скопје прави реставрација на фасадата следејќи ја оригиналната документација од архитектот Артемушкин. Промена на столарија, ПВЦ прозорци на една фасада. Затворање на отворен премин кон двор со декоративна метална ограда.
- Заедничките содржини во ентериерот се во многу лоша состојба.
- Има
- емотивна историскa архитектонска и естетска авторство општествена / социјална техничка Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот има значајна техничка вредност во однос на квалитет на изградба и употребени архитектонски елементи.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Ефремовски М. Чаусидис Н. (2024). Артемушкин и Скопје - Архитектонското творештво меѓу двете светски војни. Скопје 2024. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх.бр. 6.1.348.49.