Станбена зграда на фамилија Настеви
Објекти/Фамилијарната куќа на семејството Настеви е изградена во 1922 год. по проектот на архитект Борис Дутов. Објектот е дел од периметрален блок кој ја формира улицата „Крал Петар“, новата транзитна зона во градот, но со доминантен социјален и трговски карактер. Интегралниот уличен фронт е истакнат со идентичната катност на соседните објекти, како и третманот на приземјето со комерцијални содржини.
Објектот се развива во приземје, три ката и поткровје. Објектот се карактеризира со голема катна висина, како и фасадно нагласени, украсени, парапети и натпрозорници. Главниот влез во објектот, кон станбените единици, е од фасадата кон улица. Нагласениот полигонален еркерен испуст, поставен централно, е визуелна доминанта која го разбива геометризираниот волумен вертикално и формира трем во приземјето. Додека, како хоризонтална доминанта се истакнува прекршениот венец, со наглаени орнаменти, изведен во духот на академизмот. Овие потези, композициски, се олеснети со вовлекување на поткровјето од линијата на фасадата. Објектот ги следи каноните на академизмот, но се забележува и влијанието на еклектицизмот.
Архитект Борис Дутов
Година на градење 1922
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Македонија“ бр.49
Катност П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+3+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземјето има комерцијални дејности, а катовите се со станбена намена.ФасадаОбјектот е со завршна обработка малтер. Источната (предната фасада, кон ул. „Македонија“) има нагласени, украсени, парапети и натпрозорници. Како хоризонтална доминанта се истакнува прекршениот венец, со наглаени орнаменти, изведен во духот на академизмот. Овие потези, композициски, се олеснети со вовлекување на поткровјето од линијата на фасадата.СтоларијаНадворешната и внатрешната столарија е изработена од дрво. Ова вклучува прозорци, балконски врати и влезна врата во објектот.КонтекстКуќата на семејството Настеви е изградена на улица „Крал Петар“ (денес улица „Македонија“), историска улица, значајна за урбанизацијата на градот, но и позната од социјален и трговски аспект. Поставена е во интегрален, уличен фронт, во низа, во која сите објекти ги почитуваат идентичните параметри на самите микролокации. Со цел дефинирање на главната улица кон плоштадот, сите објекти имаат ист третман во приземјата и се развиваат до три ката, што придонесува за нивниот монументален изглед.
- ПокривДвоводен покрив со покривање од лим (дограден, видлив од внатрешноста на блокот).ФасадаУлична фасада е автентична, со поедносатвена орнаментика, фасада кон внатрешен двор - делумно реновирана во малтер, а останатиот дел е автентичен.СтоларијаВо приземјето влезна врата во објект е автентична, дрвена. Излозите се променети, застаклени, со алуминиумски профили. На првиот кат се задржани автентични дрвени прозорци и врата од балкон, а останатите врати и прозорци се ПВЦ, во бела боја.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраПромениПромена на столарија на катови. Промена на излози во приземје. Додавање покрив, двоводен, со покривање од лим. Доградба на нов објект, П+2К, прилепен на постоечкиот, кон внатрешниот дел на блокот. Реставрација и конзервација на улична фасада - доградени се француски балкони и настрешница на поткровјето.
- Доградбата на нов објект, со друга намена, прилепен на самиот објект, ориентиран кон внатрешноста на блокот, ги нарушува појавата и интегритетот на објектот.
- историскa општествена / социјална архитектонска и естетска Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е во употреба. Улицата на која се наоѓа се врзува со првите урбанизации на градот.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.