Јавна берза на трудот / Фонд за здравствено осигурување

Објекти/
Објектот на Јавната брза на трудот, наменет да го смести Заводот за социјално осигурување, денес Фонд за здравство е проектиран од архитектот Јосиф Михајловиќ и изграден во 1939 година. Со оглед на периодот на изградба, објектот презема карактеристики на модерната во однос на функционална организација на објектот, прочистената геометризирана фасада и напуштање на традиционалните дотогаш користени поставки. Кај фасадата на објектот се воочува поедноставен геометризам во архитектонскиот израз на архитектот, додека одредени делови се нагласени со елементи на експресионизмот. Се забележува новата тенденција за независен архитектонски израз, ослободен од обврзување за континуитет во елементите од соседните објекти. Објектот има симетрично решение и е дел од периметрален блок, во форма на буквата „Г“, поставен на аголот на две улици со калкан од двете страни. Третманот на аголот е преку негово заоблување и извишување на поткровјето. Концептот на акцентирање преку извишување е присутен и на двата краја на објектот. Во објектот се пристапува од двете улици, преку два влеза, еден машки и еден женски. На репрезентативната страна кон булеварот, до машкиот влез, се поминува и низ пасаж кон внатрешен двор.
Година на проектирање 1936
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса бул. „Кочо Рацин“ бр.19
Катност Су+Пр+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена