Станбена зграда на Цветан Николиќ

Објекти/
Станбениот објект на ул. „Максим Горки“ е една од најстарите градби на оваа улица која го има претрпено земјотресот од 1963 година. Објектот е проектиран во 1936 година, од инженер архитект Коста Новаковиќ. Објектот е дел до перимтерален блок, во низа која го следи уличниот фронт. На уличната фасада, ориентирана кон ул. „Максим Горки“ се наоѓаат влезовите за комерцијалните простории, додека влезот за станбените единици е од пасаж кој води кон внатрешниот двор на блокот. Основата на објектот е во вид на буквата „Г“, со испуштање во вид на доксат во централниот дел на уличната фасада, а симетријата на објектот е нарушена со еднострани балкони кои формираат мал трем во приземјето.
Година на проектирање 1936
Инвеститор / Сопственик Цветан Николиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Максим Горки“ бр. 16
Катност По+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена