Станбена зграда на браќа Бојаџиеви
Објекти/Станбениот објект на улица „8-ма Ударна Бригада“, во централното градско подрачје, е дел од архитектонскиот опус на Иван Артемушкин, изграден во 1931 год. Претставник на група објекти од истиот автор кај кои е воочена тенденцијата за создавање препознатлив модерен јазик. Објектот е поставен на агол на периметрален блок, во фомра на буквата „Г“. Главниот влез во објектот е од улицата „8-ма ударна бригада“, каде објектот го следи уличниот фронт во низа, додека влез кон внатрешен двор, кој го дели објектот од соседниот, е обезбеден од споредната улица.
Објектот се развива во сутерен, приземје, два ката и поткровје, наменети за станбени единици. Нагласувањето на аголот е преку елемент на аголен балкон, со третман на балконските огради, карактеристично средство во модерниот архитектонски израз. Геометричноста и ортогалноста на објектот се разбиени со третманот на профилацијата на разделните венци, како и дизајнот на прозорците. Динамиката на објектот се менува на покривот, каде кровната стреа, во вид на тенка конзолна плоча, го следи прекршувањето на калканскиот надоѕидок на фасадата.
Година на проектирање 1935
Инвеститор / Сопственик Браќа Бојаџиеви
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „8-ма Ударна Бригада“ бр. 20
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1935 година е изработен проектот. Истата година се добива е одобрение за градба. Во 1936 година е изградба на прва фаза. Во наредните две до три години (1937-1939 год.) е изградбата на втора фаза.КатностПо+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во подрумот на објектот се сместени подрумски простории, додека на приземјето и катовите се со станбена содржина.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем. Стопите се од набиен бетон, а подрумските ѕидови се од кршен камен и продолжен малтер. Ѕидовите на приземјето и првиот кат се изведени од тула и малтер со дебелина од 38 см, а на вториот кат со дебелина од 25 см. На вториот кат има и дополнителни појачувања на аглите со армиран бетон. Објектот има армирано-бетонска меѓукатна конструкција. Кровната конструкција е дрвена.ПокривПовеќеводен кос покрив, дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаНадворешната обработка е во малтер. Под прозорците се појавува линиска второстепена пластика.СтоларијаНадворешната столарија, која се состои од прозорци, балконски врати и влезна врата е изработена од дрво.ПартерОграден внатрешен двор, ограда од бетонски столбови (потпори) и железна профилација.КонтекстСтанбениот објект се наоѓа во еден од периметралните блокови кои ја формираат улица „Максим Горки“. Од едната страна, објектот се вклопува во интегрален уличен фронт, кој ги следи манирите каракатеристични за овој опфат, додека од другата страна е одделен од соседот со внатрешен двор.
- ПокривПовеќеводен кос покрив, покривање со ќерамиди. Поткровјето е пренаменето во простор за живеење (не е познато кога е направена интервенцијата) и со тоа има промена во оригиналното покривање.ФасадаНадворешната обработка е со малтер. Под прозорците се појавува линиска второстепена пластика.СтоларијаВо приземјето е задржана автентичната дрвена влезна врата, на првиот кат исто е задржана оригиналната, дрвена столарија, а на останатите катови дрвената столарија е заменета со ПВЦ столарија во бела боја.ПартерОграден внатрешен двор, ограда од бетонски столбови (потпори) и железна профилација.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениДодадено поткровје со станбена содржина, промени во покривот. Додадена ограда на поткровје. Промена на надворешна столарија – прозорци и балконски врати.
- историскa авторство општествена / социјална архитектонска и естетска Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е во употреба според оригиналната типологија. Појавата на овој блок објекти, како агломерација на плоштадот се врзува со првите урбанизации на градот. Употреба на карактеристичен елемент – нагласување агол преку балконски испусти.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх.бр. 6.1.309.25/325-453.