Окружен уред за социјално осигурување на работниците / Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“
Објекти/Пробивот на модерната архитектура во Македонија е означен уште пред градењето на Стопанска комора „Метропол“ од Милан Злоковиќ. Загрепскиот архитект Драго Иблер (1894-1964) тогаш веќе го има завршено објектот на Окружниот уред за социјално осигурување на работниците во центарот на Скопје.
Неговата композиција е составена од разгранета основа со два внатрешни дворови (атриуми) и нагласени хоризонтали со полно и празно, како и чиста рамна фасада со црвеникава нијанса. Авангардноста на овој објект се потврдува и со тоа што е речиси истовремено создаден со познатите објекти на европскиот пуризам. Иблер на соодветен начин ќе ги вгради искуствата на европскиот кубизам, рускиот конструктивизам и целосната редефинираност на занаетот, изведен во духот на Баухаусовската идеологија. Чистината на изразот, составен од комплексни компоненти кои понатаму ќе ги следиме како основни парадигми во креирањето на поставките на интернационалниот стил, укажуваат на слоевито познавање на Лосовските идеи за безорнаменталност, но поставени врз богато структурирана искуствена постапка преку која го утврдуваме основниот референтен инструментариум на модерниот стилски израз.
Архитект Драго Иблер
Година на проектирање 1932
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „11-ти Октомври“ бр. 53
Катност По+П+3
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во првата половина на 1930 година бил распишан конкурсот. Во 1932 година била работена проектната документација за Окружниот уред за социјално осигурување на работниците. Во периодот 1933-1934 година се одвива изградбата на објектот.КатностПо+П+3СтруктураГраден во скелетен систем, овозможено е поставување на големи стаклени површини - прозорци во низа.ПокривОбјектот има рамен покрив.ФасадаИзградена според принципите на функционализмот, во кој се сублимирани идеите на европската модерна. Тенденција на целосна замена на фасадната декорација во корист на слободно аранжирање на новите фасадни елементи (рамни површини, отвори, конструктивни елементи, волумени). Завршна обработка во малтер со црвеникава нијанса.СтоларијаНадворешната и внатрешната столарија е изработена од дрво.КонтекстИнтервенирајќи во просторот со прочистен јазик во кој главната и доминантната функција ја имаат чистите геометриски форми, Иблер го поставил објектот во зависност од зададеноста и условите на локацијата, успевајќи во функционална смисла да го прилагоди подеднакво и кон сообраќајното и кон пешачкото движење, формирајќи го длабокиот трем во приземјето на страната ориентирана кон паркот „Жена борец“.
- ПокривПокривање на рамниот кров со лим, кој не е видлив од човечка перспектива и не ја нарушува силуетата на објектот.ФасадаВентилирана фасада со завршна обработка од плочки во црвеникава нијанса, поставени на метална потконструкција. Слободностоечките столбови се оставени со завршна обработка малтер во црвеникава нијанса.СтоларијаПромена на цела надворешна столарија со ПВЦ прозорци и врати.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на завршната обработка на фасада. Промена на столарија.
- Има Решение бр. 04-113/87 од 10.12.1963 год. / Решение бр. 0904-132/1 од 14.03.1996 год. / Решение бр. 08-1260/7 од 01.06.2009 год.
- историскa авторство архитектонска и естетска општествена / социјална емотивна техничка Пробивот на модерната архитектура во Македонија е означен со објектот на Окружниот уред за социјално осигурување на работниците во центарот на Скопје. Изграден според принципите на функционализмот, во кој се сублимирани идеите на европската модерна (од која подоцна се развива и интернационалниот стил). Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Токарев, М. (2006). 100 години модерна архитектура. Книга трета: Придонесот на Македонија и Југославија 1918–1990. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх.бр. 6.1.297.9/480-637.