Железничка станица - Скопје / Музеј на град Скопје
Објекти/Старата железничка станица, дело на архитектот Велимир Гавриловиќ, позиционирана во центарот на градот, како завршна точка на аксијалата север-југ (Камени мост - Железничка). Ова е монументален објект со три волумени од кои средишниот доминирал по својата должина, висина и обработка на северната (предна) фасада. Трите волумени на објектот функционирале како посебни целини, со меѓусебно поврзување на одредени места заради овозможување внатрешна комуникација во објектот. Истиот бил еден од покомплексно дефинираните објекти кај кој елементите на традиционалната архитектура се застапени во основната концепција и на специфичен начин употребени во третманот на некои елементи од декоративната пластика.
Посебна вредност на овој објект му дава присуството на различни архитектонски концепти и различни стилски форми кои произлегуваат од богатата средновековна традиција, но и форми кои се карактеристични за модерниот архитектонски речник и форми од фолклорната традиции. Основната концепција, поставувањето во просторот како и организацијата на фасадните волумени биле изведени со примена на симетрија во двете оски, со што се потврдуваат доминантните врски со монументалниот академизам. Доминантно место во архитектонската композиција заземала предната фасада во која и визуелно и функционално завршувала оската на движењето на Камениот мост и плоштадот.
Средишниот волумен имал колонада од витки столбови развиени во две катни висини, изведени по примерот на порано изградениот Офицерски дом. Лаковидните тремови кои се наоѓале на бочните фасади јасно укажуваат на врските со одредени фолклористички формули и дефиниции, а од друга страна се надоврзуваат на традицијата на употреба на куси гломазни столбови во низа на аркадни отвори.
Во катастрофалниот земјотрес од 1963 година, урнат е поголем дел од објектот, зачуван е западниот бочен волумен и мал дел од средишниот волумен.
Архитект Велимир Гавриловиќ
Период 1930-1939
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Св. Кирил и Методиj“
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1931 година е објавен конкурс. Во 1940 година е пуштена во работа новата железничка станица. Во 1963 година, во земјотресот е срушен поголем дел од железничката станица. Во 1970 година е направена пренамена во Музеј на град Скопје.КатностП+2Програмски опис (опис на план по катови)На приземјето се наоѓа големиот станичен хол кој бил врска со главниот влез и излез, зафаќал простор од 1 000 метри квадратни, заедно со администрација, чекални и излез кон перони. На првиот кат се наоѓал ресторан, а на вториот, службени соби и хотел за железничките чиновници. Во крилата на зградата биле сместени канцелариите.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем.ПокривОбјектот има рамен покрив.ФасадаТравертинската облога на фасадата донекаде придонесувала за омекнување на гломазниот впечаток кој го создавал предимензионираниот волумен и за визуелен прекин во континуираната фасадна обработка која била исклучителна монотона за задната страна кон пероните. Кај сите фасадни платна освен на средишниот дел, травертинот се употребувал во функција на декоративни прозорски рамки.СтоларијаДрвени прозорци со травертин во функција на декоративни прозорски рамки. Бифорните прозорци се изведени со разделни столбови од травертин, како стилизирана варијанта изведена од традиционалните модели.КонтекстОбјектот се наоѓа во централното градско подрачје. Со старата железничка станица завршува тогашната најважна градска оска на Скопје во правец север-југ.
- ПокривОбјектот има рамен покрив.ФасадаДел од средишниот волумен има облога од травертин. Западниот волумен во приземје е со завршна обработка од травертин, а на катовите завршна обработка од малтер, се појавува травертин како декоративни прозорски рамки.СтоларијаВо еден дел е задржана дрвена столарија, дел е заменета со ПВЦ, со фолија во дрвен дезен.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениРеновирање на музејските простории. Промена на столарија на дел од објектот.
- Има Решение бр.249/87 од 15.09.1975 год. / Уп. бр.18-582 од 15.07.2011 год. / Уп. бр.18-978 од 27.11.2012 год. / Уп. бр.18-191 од 24.06.2015 год.
- историскa архитектонска и естетска општествена / социјална емотивна За унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје, на местото на старата железничката станица која била изградена уште во 1873 година. Присуство на различни архитектонски концепти и различни стилски определби. Со овој монументален објект завршува тогашната најважна градска оска на Скопје во правец север-југ. Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.