Кино „Уранија“ / Кино „Култура“
Објекти/Објектот на кино „Уранија“ е изграден според проектот на архитектот Кирил Жерновски 1936-1937 год. Поставен е во централното јадро на градот, во близина на Домот на Армијата и улица „Македонија“. Модерниот пристап на архитектот, близок до експресионизмот во архитектонскиот израз, се познава по прочистената фасадна обработка, без орнаменти, во корист на систематично артикулирање на фасадните волумени. Објектот ја следи линијата на блокот, со аголен третман, акцентиран со брановидна форма која е пресечена со хоризонтална плоча во функција на настрешница која симболично продолжува кон главниот влез.
Од естетски причини, како и правилна парцелација на блокот спрема предвидениот плоштад, фасадата на објектот е повлечена до граничната линија. Влезната партија е ориентирана кон предвидениот плоштад, сѐ уште неизграден, и дополнително е нагласена преку дизајнот на фасадата над неа, со карактеристични вертикали во различни бои, по кои е препознатлив овој објект.
Во задниот дел на објектот, ориентиран кон внатрешниот дел на блокот, видно се истакнува и препознава волуменот на кино салата.
Архитект Кирил Жерновски
Година на проектирање 1936
Инвеститор / Сопственик Никифор Костиќ
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Луј Пастер“ бр. 3
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1933 година е изработен проект од архитектот Иван Артемушкин. Во 1936 година е изработен проект од архитектот Кирил Жерновски. Во периодот од 1936-1937 година се гради објектот. Во 1978 година е изработен идеен проект за адаптација и внатрешно уредување.КатностПо+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во подрумот на објектот се сместени технички простории, на приземјето има хол, гардероби и кино сала. На првиот кат се наоѓа фоаје, дирекција и гардероба, а на вториот кат има чекална, кино оператер, дирекција и галерија.СтруктураОбјектот има скелетен конструктивен систем од армиран бетон, касетирана меѓукатна конструкција и ѕидна исполна од тула.ПокривОбјектот има рамен покрив, непроодна тераса.ФасадаФасадата била малтерисана во два тона. Средишниот простор над главниот влез е малку повисок и е акцентиран со плитка декорација и метални пиластри кои излегуваат од волуменот на објектот.СтоларијаВо поголем дел од објектот прозорците се изработени од дрво. Централниот влезен дел на приземје и катовите се осветлени со прозорци од метални профили.КонтекстОбјектот се наоѓа во централното градско подрачје, близу улица „Македонија“, стратешки поставен според својата намена, но и тенденциите во архитектонскиот израз кои ги носи на себе. Објектот е ориентиран кон предвидениот плоштад.
- ПокривОбјектот има рамен покрив, непроодна тераса.ФасадаФасадата е малтерисана во два тона, а во приземјето се појавуваат гранитни плочки. Влезната партија е нагласена со потемни гранитни плочки.СтоларијаНа катовите, дрвените прозорци се заменети со ПВЦ прозорци, во приземјето и централниот дел на катовите се задржани метални профили.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешносталошаПромениИнтервенција во приземјето на аголниот дел – застаклување. Промена на надворешна столарија – ПВЦ прозорци. Изградба на нов објект вон оригиналниот и со друга намена на бочната страна со што се затворени дел од фасадните отвори (според архивски фотографии, до 1980 год. не постои).
- Изградбата на објекти до и околу објектот го нарушуваат интегритетот на објектот и ги нарушуваат визурите кон и од него. Дополнително, објектот е запуштен и подложи на ризик за распаѓање на фасадна обработка, а ѕидовите и столаријата во приземјето се прекриени со графити.
- историскa архитектонска и естетска општествена / социјална емотивна Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот претставува ран пример на типологија – кино и ја задржува оригиналната намена.
- Земајќи ги предвид сите вредности на објектот, неговата автентичност и состојбата во која се наоѓа, се упатува препорака до надлежните органи за заштита на културното наследство и останатите носители на одлуки, да се изработи елаборат со кој ќе се отпочне процесот за прогласување на овој значаен објект како културно наследство на модерната во РС Македонија од прва категорија. Да се преземат мерки за негова санација/реставрација.
- Токарев, М. (2006). 100 години модерна архитектура. Книга трета: Придонесот на Македонија и Југославија 1918–1990. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх.бр. 6.1.306.18.