Станбена зграда на фамилија Крстиќ
Објекти/Станбената зграда на фамилија Крстиќ се наоѓа во центарот на градот, на една од најбитните развојни оски (север-југ) на градот, од плоштад „Македонија“ до старата Железничка станица. Објектот е дело на архитектот Иван Артемушкин, кое се одликува со симетрично решение, дел од периметрален блок со акцент на аголот и поделба на сегменти. Формата е разиграна со повлечени и испакнати делови, а заоблената естетика на фасадата е пресликана и во решавањето на станбените простории.
Она што е посебно забележително во концептот на овој објект, претставува постоечкиот модернизирачки коректив, заради кој е направена максимална редукција на пластичните ефекти во корист на еден прочистен израз, кој според начинот на компонираните фасадни елементи делува во духот на определбите на рано-модерната европска архитектура. Таквиот став го градат повеќе карактеристични елементи, посебно специфичната ограда изведена со челични профили во линиска композиција. Тука е видлива тенденцијата и експериментирањето со формите од репертоарот на модерната архитектура, што во овој случај резултирало со еден вид „преодно“ решение со доминантни архитектонско-стилски влијанија на академизмот.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1932
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Луј Пастер“ бр. 3
Катност П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема
- КатностП+3+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземје има комерцијални содржини, а на катовите станбени содржини.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем, ѕидови исполна од тула.ПокривОбјектот е решен со повеќеводен кос покрив.ФасадаПрочистена фасада со ритмично поставуваање на прозорските отвори, завршна обработка во цементен малтер со скромна фасадна декорација. Тенки плочи на балконите со специфичната ограда изведена со челични профили во линиска композиција.СтоларијаСтоларијата е од дрвени профили. На катовите, во станбениот дел, се појавуваат двокрилни, трикрилни и еднокрилни, бочни прозорци.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациското јадро е со под изведен од терацо, а оградата е метална со дрвен гелендер.КонтекстМаксимално прилагодување кон локацијата и димензионирањето на блокот, создава компактен уличен фронт во кој се почитуваат просторните референци на соседните објекти. Објектот се состои од две посебни парцели, кои се беспрекорно интегрирани во една фасада.
- ПокривПокривот е делумно променет, покривање со лим.ФасадаЗавршна обработка во цементен малтер со скромна фасадна декорација.СтоларијаНа првиот кат е задржана автентичната дрвена столарија, а кај остатокот од објектот е заменета со ПВЦ столарија во бела боја.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациското јадро е со под изведен од терацо, а оградата е метална со дрвен гелендер.Состојба на надворешностазадоволителнаСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениПромена на дел од автентичните балконски огради. Промена на столарија. Кровно покривање. Целосна промена во приземјето (комерцијалните содржини).
- Нема
- историскa архитектонска и естетска авторство Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е дело на реномиран автор, Иван Артемушкин. Објектот е пример на рано-модерната европска архитектура.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Ефремовски М. Чаусидис Н. (2024). Артемушкин и Скопје - Архитектонското творештво меѓу двете светски војни. Скопје 2024