Банска палата / Собрание на РСМ
Објекти/Собранието на РСМ се наоѓа во непосредна близина на Плоштад „Македонија“, наспроти паркот „Жена борец“, дијагонално од Градска болница. Објектот е конципиран во модерен архитектонски јазик, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен (затворен) двор, со специфичен масивен, разигран волумен и со присуство на чисти фасадни елементи.
Објектот е изграден од сутерен (каде биле сместени работилници), помошни простории и приземје, први и втори кат – простории кои од 1939 до 1944 год. се во употреба како Управна палата на тогашната локална управа на Кралството СХС.
Објектот има четири влеза – свечен влез, влез за надворешни посети, службен влез, влез за пратеници и како посебен влез е влезот во внатрешниот двор.
- 1939-1944 год. (до ослободување на Скопје во ноември) е зграда на локалната управа на Кралство СХС
- Од 1944 год. по ослободувањето, во зградата е сместена целокупната понова администрација на македонската народна власт, Претседател на Д.Р. Македонија, Народното Собрание, Владата и Уставен суд.
- 1991 год. со осамостојување на Македонија, сместен е кабинетот на Претседателот на Р Македонија.
Година на градење 1932-1938
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „11 Октомври“ бр.10
Катност Су+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1930 година е распишан конкурс за проект кој го добива Виктор Лукомски. Се гради во период од 1932–1938 година според проектот на архитект Виктор Ј. Худак. Од 1954 – 1963 година на постоечкиот објект, во внатрешниот двор доградени се „Свечената сала“ и „Сала 2“, а ентериерно се уредени постоечките помали сали. Во 1963 година зградата е видно оштетена од земјотресот, по што е преземено нејзино санирање и реконструкција. Во 1966/67 година е реконструирана и ентериерно уредено Парламентарната сала, а доградени се уште две нови сали (Сала 3 и Сала 4). Во 2004/05 година е извршена реконструкција на влезовите, со изведба на натстрешници над секој влез. Во 2010 година започнува голем зафат на реконструкција на објектот кој трае до 2016 година (2017 год.). Со овој зафат превземени се следните градежни зафати: - Извршено е комплетно санирање, зајакнување на објектот со нови конструктивни елементи – аб платна и столбови, за издржливост од земјотреси, со што е истовремено овозможено и да се изведе надоградба на уште еден кат, во кој се сместени работните простории (кабинети) на секој пратеник и сали. - Комплетно е направена промена на фасадната столарија, со нова дрвена столарија. - Изведена е нова фасада –контактна, а делови се поплочени со мермерни плочи од травертин-мермер. - За да не се наруши изгледот на старата (постоечка) фасада, нејзината висина, надоградбата е повлечена од надоворешната страна на објектот. Две нови сали за комисии се поставени под две мали, стаклени куполи. - Во внатрешниот двор, изграден е нов објект со спратност како и целата зграда и истиот со топли врски-мостови е поврзан по спратови со останатата зграда. - Над централниот дел на објектот, на посебна аб конструкција – од т.н. пенделни столбови, поставена е „Мултифункционалната сала“, со стаклена купола, изведена од челична конструкција. Оваа сала е поврзана со топла врска со ходникот на последниот кат – надградениот. - Надвор околу објектот, партерот и внатрешниот двор се поплочени со гранитни плочи.КатностСу+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во сутерен се сместени работилници и помошни простории, а на приземје, први, втори кат, простории во употреба на „Управна палата“ на тогашната локална управа на Кралството СХС.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем, со ѕидови од полна тула со цементен малтер и ситно ребраста меѓукатна конструкција.ПокривОбјектот е завршен со рамен покрив.ФасадаЦоклата на објектот е од камени плочи, фасада малтерисана со цементен малтер, со чисти фасадни елементи и применета фасадана декорација со геометриски содржини на одделни партии.СтоларијаНадворешната столаријата е изведена од дрво.ПартерПоплочувањето околу објектот е со камена коцка - калдрма.Ентериер / Заеднички содржиниСвечениот влез, холот и трокраките скали од приземје до први кат се поплочени со бел мермер. Ходници – перено терацо. Во свечениот дел се ентериерно опремени Охридска и Струшка соба, во длаборез од резбарската школа од Охрид, како и гипсени декорации, изработени од Дримколските мајстори. Малиот свечен салон, салата на Уставната комисија, ресторанот и кабинетите се ентериерно уредени со дрвени ламперии во интарзија (декоративна техника која вклучува уметничко украсување на предмети од дрва со вметнување парчиња од дрво, бисер, седеф, слонова коска и др.) Од вградена орнаментна содржина е обработката на кабинетите и ентериерот, дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937 год.), во резба, „Сала Длаборез“ со комплетно обложување на ѕидовите, таваните со дрво, каде се аплицирани во резба вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата е доверена на Глиша Костовски – столар, резбар од Тетово со неговата тајфа. Направена е конзервација на облогите од резба, гипсаните елементи во кабинети и сали. Во дел од просториите изработени се нови ентериерни решенија. Во Парламентарната сала, реновирана во 1999 год. најзначајни се мозаиците на ѕидовите, од уметникот Газанфер Бајрам. Во 2013 год. е направена конзервација и реставрација на резбата во кабинетот на Претседателот на Собранието (Сала Длаборез).КонтекстОбјектот се наоѓа во непосредна близина на Плоштад „Македонија“, наспроти паркот „Жена борец“. Го следи уличниот фронт и формира внатрешен двор (атриум).
- ПокривСе додава лимен покрив, кој не е видлив од улица. Со додавање нови простории, доградени се и три куполи како дел од кровното покривање.ФасадаАвтентична на првобитната, со нови материјали – енергетски термо изолирана фасада (контактна), со одделни делови обложени со мермер - травертин, цокла – камени плочи.ПартерГолем дел од поплочувањето е со гранитни плочи и во еден дел (пред главниот влез на објектот) е задржана калдрма.Ентериер / Заеднички содржиниРеновирани се дел од салите. Направени се промени во подовите. Охридска и Струшка сала се конзервирани и реконструирани. Реновиран е холот пред кабинетот на Претседателот во хол на портерти.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностадобраПромениВо 1993 година е реконструирана машинската сала. Во 1996 година е изграден нов ресторант во сутерен, клубот на пратениците и нова Банкет сала. Во 1998/99 година ентериерно уредување на Парламентарна сала (Сала 1). Во 1999 година е реновирана Парламентарната сала каде најзначајни се мозаиците на ѕидовите, од уметникот Газанфер Бајрам. Во 2001 година ентериерно уредување на Свечената сала (Кристална сала). Во 2003 година поголем зафат на реконструкција на електро инсталација, санитарни јазли и ходници. Во 2004 година е оформена „Спомен соба“ по повод 60 години од првото заседание на АСНОМ. Со последната реконструкција од 2010-2016 (2017 год.) се направени следните интервенции: - Во 2013 година е направена конзервација и реставрација на резбата во кабинетот на Претседателот на Собранието (Сала Длаборез). - Главниот влез е реновиран и е направено физичко поврзување на цел сутерен. Подовите и столбовите се обложени со нов гранит со посебни шари. На скалите што водат кон кабинетот на Претседателот е поставен автентичен бел македонски мермер, а на оградата е задржан стариот автентичен македонски мермер. - Во сутеренот е направен простор за „Парламентарен институт“. - Извршено е комплетно реновирање на машинската сала, трафостаницата, машинските инсталации и сл. - Направено е „Собраниско студио“, со свој Собраниски канал. - Изведена е нова фекална канализација – во внатрешниот двор, со нови приклучни шахти. - Објектот се реконструира парцијално, по ламели (вертикални поделби), со што е овозможено непрекинато работење на сите служби и Парламентот.
- Нема До 2010 има заштитен статус.
- историскa архитектонска и естетска општествена / социјална емотивна Задржување на оригинална намена и типологија. Изграден во модернистички стил. Објектот го преживеа земјотресот од 1963 година и е врежан во меморијата на градот.
- Земајќи ги предвид сите вредности на објектот, неговата автентичност и состојбата во која се наоѓа, се упатува препорака до надлежните органи за заштита на културното наследство и останатите носители на одлуки, да се изработи елаборат со кој ќе се отпочне процесот за прогласување на овој значаен објект како културно наследство на модерната во РС Македонија од прва категорија. Препорака при следни реконструкции да не се нарушува дополнително автентичноста на објектот во екстериерот и ентериерот.
- Собранието РС Македонија, https://www.sobranie.mk/palata-na-sobranieto.nspx (пристапено 15 април 2025). Википедија, https://mk.wikipedia.org/wiki/Палата_на_Собранието_на_Македонија (пристапено 15 април 2025).