Стопанска комора / „Метропол“

Објекти/
Стопанската комора во Скопје или „Метропол“, лоциран на главниот градски плоштад, е едно од првите дела на модерната во Македонија. Проектирана од Милан Злоковиќ во 1933 година, кој заедно со Драго Иблер (Градска болница) се меѓу првите архитекти кои се оттргнуваат од неокласицистичкиот стил и творат во духот на модерната. Објектот има неправилна основа, три слободни фасади и внатрешен двор – атриум. Бил замислен како административен објект, но поради високата цена на изведбата, инвеститорот побарал да се предвидат простории за изнајмување на приземје и на кат (продавници и угостителство).
Година на проектирање 1933
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Плоштад „Македонија“ (ул. „Димитрија Поп Георгиев Беровски“, Кеј 13-ти Ноември)
Катност По+П+М+3
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема