Станбена зграда на улица „Браќа Ламески“ бр. 23
Објекти/Станбениот објект се наоѓа на ул. „Браќа Ламески“ бр. 23. Овој објект е со интересно концептуално решение, за нијанса поразлично во некои аспекти во однос на други станбени објекти кои припаѓаат на меѓувоениот период. Со својата основа се протега долж улицата и формира симетрично решение. Објектот е обликуван од едноставни волумени, со вовлекување на катот.
Град / Општина Прилеп
Адреса ул. „Браќа Ламески“ бр. 23
Катност П+1
Типологија според денешната намена
- КатностП+1СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем. Во приземјето има камени блокови.ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција, покрена со ќерамиди.ФасадаОбјектот е завршен во малтер.СтоларијаСтоларијата на објектот е изработена од дрво.
- ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција, покрена со ќерамиди.ФасадаЗавршна обработка во малтер и боја. Западната фасада (улична) во приземјето е обработена со камен. Едноставен профилиран венец и хоризонтални разделни венци по фасада.СтоларијаДел од оригиналната, дрвена столарија е задржана, но дел е заменета со ПВЦ и алуминиум. На западната фасада се појавуваат отвори со полукружен завршеток.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешносталошаПромениПромена на столарија. Доградба на натстрешница на прв кат. Доградба на натстрешница над влезен дел.
- Постои можност да дојде до посериозно рушење на делови на објектот доколку се продолжи и понатаму со непреземање соодветни мерки. Исто така, поради промените постои ризик и за комплетно менување на идентитетот на објект и губење на автентичноста.
- историскa архитектонска и естетска
- Да се направи првична проценка на степенот на промена и оштета на објектот. Потоа во однос на тоа да се преземат акции за задржување на интегритетот на објектот со стручни третмани и итни интервенции.