Станбен објект на ул. „Кеј 9 Септември“ бр. 30

Објекти/
Станбениот објект се наоѓа на „Кеј 9 Септември“ бр. 30 и со својата фронтална фасада е насочен кон Прилепска река. Објектот со својата едноставна и впечатлива форма, како и со декоративните пластики на фасадата има минимални карактерни примеси од неокласицизмот. Објектот има правилна форма во основа и волуменско обликување. Северната фасада (улична) е нагласена со поткровје кое е во форма на баџа, центално поставено на објектот.
Период 1930-1939
Град / Општина Прилеп
Адреса Кеј „9 Септември“ бр. 30
Катност Пр+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена