Куќа на фамилија Жешковци

Објекти/
Куќата на фамилија Жешковци се наоѓа на спојот помеѓу ул. „Битолска“ и ул. „Цане Јованоски-Коњарец“. Изградена е во 1931 година и била во сопственост на реномиран доктор. Кај објектот се забележува слободен третман на основата, соодветното развивање на функциите и присуство на академски елементи во оликувањето како слободни столбови, асиметричен влез кој формира влезни скали и трем. Отсуството на орнаменти и моделирањето со едноставни волумени го дефинира овој објект како дел од раната модерна.
Година на градење 1931
Инвеститор / Сопственик Проф. д-р. Петар Жешков
Град / Општина Прилеп
Адреса Аголот на ул. „Битолска“ и ул. „Цане Јованоски - Коњарец“
Катност Пр+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена