Научен институт за тутун - Прилеп
Објекти/Објектот е подигнат за потребите на Институтот за тутун во Прилеп. Заради поволностите за одгледување на тутун во прилепскиот регион, ќе биде покрената акција за изградба на институт. Објектот се гради врз основа на поднесениот проект од архитект Милорад Петровиќ.
Концепциски, архитектурата на овој објект ја дефинира цврстата академска втемеленост на функционалните и конструктивните елементи. Посебно употребата на симетријата и нагласувањето на централното фасадно платно во кое е сместена влезната партија, укажува на присуството на проверените академски методи во основното компонирање на фасадните волумени. Покрај примената на академски методи, употребил и обликовни средства преземени од модерната архитектура. Тоа е постигнато со поставување на различни елементи: прозорски отвори во хоризонтални ленти, употребата на едноставни разделни венци во функција на линиско подвлекување на основното волуменско расчленување, рационален геометриски распоред на елементите.
Архитект Милорад Петровиќ
Година на градење 1937-1940
Град / Општина Прилеп
Адреса ул. „Кичевска“ бб
Катност Су+П+3
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Од 1937-1940 година е изграден објектот. Во 1971 година има одобрение за изградба на внатрешен пат и одводна канализација во двориштето. Во 1974 година има одобрение за изградба на биолошка стаклара за научно истражувачка работа на тутунот. Во 1983 година има одобрение за изградба на главен цевковод за довод на вода од регионалниот водовод „Студенчица“.КатностСу+П+3ПокривПовеќеводен покрив од дрвена конструкција покриена со ќерамиди.ФасадаФасадата е завршена во малтер. Кај објектот се забележува симетријата и нагласувањето на централното фасадно платно во кое е сместена влезната партија, употребата на едноставни разделни венци во функција на линиско подвлекување на основното волуменско расчленување, рационален геометриски распоред на елментите.СтоларијаРитмично поставување на прозорците. Столаријате е изработена од дрво.КонтекстИнститутот за тутун се наоѓа надвор од градското подрачје на Прилеп на ул. „Кичевска“. Во комплексот до Институтот за тутун се наоѓа и Музејот за тутун, како и други објекти.
- ПокривПовеќеводен покрив од дрвена конструкција покриена со ќерамиди.ФасадаФасадата е завршена во малтер и обоена, а сутеренот е обложен со камени плочи. Кај објектот се забележува симетријата и нагласувањето на централното фасадно платно во кое е сместена влезната партија, употребата на едноставни разделни венци во функција на линиско подвлекување на основното волуменско расчленување, рационален геометриски распоред на елментите.ПартерШирок и простран партер со патеки со високо и ниско зеленило.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностадобраПромениНе се видливи некои интервенции, модификации, промени, освен во бојадисувањето на фасадата.
- историскa архитектонска и естетска техничка општествена / социјална Објектот е во употреба според оригиналната типологија.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.