Основно училиште „Кочо Рацин“

Објекти/
Во центарот на градот Прилеп, е некогашната единствена Нижа гимназија, а денеска централно современо осумгодишно основно општинско училиште „Кочо Рацин“. Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин. Автор на овој објект е архитект Димитрие М. Леко и е изграден во 1924 година. Основното училиште „Кочо Рацин“ – Прилеп е најстара воспитно-образовна институција во градот. Училиштето има симетрично решение по хоризонтала и вертикала со потенциран централен дел кај влезната партија што е испакнат во однос на крилата каде се наоѓаат училниците. Забележителна е доста чиста форма на целиот објект со репетитивност во обмислувањето на отворите, потенциран венец на кровот и рустично обработени агли со третостепена пластика.
Година на градење 1924
Град / Општина Прилеп
Адреса ул. „Борка Талески“ бр. 64
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема