Куќа на фамилија Савевци

Објекти/
Куќата на Савевци е слободностоечки објект со голем двор, изграден во центарот на градот, веднаш до Општината. Влезот во објектот е од североисточната фасада, а од југозападната се пристапува преку поткрената тераса. Во естетското обликување објектот има едноставни волумени со плитка декорација околу прозорците и аглите на објектот и хоризонтално нагласување на просторот под и над прозорците. На североисточната фасада има игра со волумени, како во основа така и во висина, потоа појава на поткровен простор и скалишно јадро кои го надвиснуваат останатиот габарит, како и користење на полуцилиндричен волумен за скалишното јадро, различно од останатиот дел на куќата.
Период 1930-1939
Град / Општина Охрид
Адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 51
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема