Куќа на фамилија Симончевци
Објекти/Објектот на Симончевци е лоциран на кејот на Охридското езеро, веројатно највисок зачуван објект од овој период. Објектот е изграден во периодот меѓу двете светски војни, од архитектот Димитар Симонче. Влезот во објектот е од кејот, односно од југозападната фасада.
Во основа е конципиран со средишно скалишно јадро и две крила кон југ и кон север. Бочните и расчленети фасади се генерално калкански затворени со мал неопходен број прозорци, додека југозападната фасада, ориентирана кон езерото е силно осончена и отворена. Таа е со главно симетрична композиција со мали отстапки на влезот. Нагласен е централниот волумен кој е испуштен од првиот кат нагоре и завршува со тераса. На двете страни од овој волумен се испуштаат тераси со завршетоци во полукружен манир. Објектот има скромна декоративна пластика.
Објектот изненадува со својот пуризам, презентирајќи ригорозна модерна архитектура наспроти назнаките на општиот амбиент во овој дел на градот. Употребени се сите средства на модерната: рамни фасадни платна со чиста геометриска форма, континуирано разместени прозорци, повлекување на поткровната партија која формира специфичен калкански завршеток во кој се интерполирани слепи кружни розети, кратки конзолни испади кои се третирани линиски и сл.
Архитект Димитар Симонче
Година на градење 1936-1939
Инвеститор / Сопственик Фамилија Симончевци
Град / Општина Охрид
Адреса Кеј „Македонија“ бр. 10
Катност Су+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1936 година се започнува со градба на објектот. Во 1939 година е завршен објектот.КатностСу+П+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Целиот објект е со станбена намена.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем, со фундамент од камен, со масивни ѕидови од полна тула и дрвена кровна конструкција.ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаЧисти геометриски форми со скромна декоративна пластика и завршна обработка во малтер. Бочните и расчленети фасади се генерално калкански затворени со мал неопходен број прозорци, додека југозападната фасада, ориентирана кон езерото е силно осончена и отворена. Таа е со главно симетрична композиција со мали отстапки на влезот. Нагласен е централниот волумен кој е испуштен од првиот кат нагоре и завршува со тераса. На двете страни од овој волумен се испуштаат тераси со завршетоци во полукружен манир.СтоларијаОбјектот има надворешна столарија изработена од дрво. На бочните страни има мал дел, неопходни прозорци, а југозападната фасада, кон езерото е со симетрично поставени отвори.КонтекстКејот на Охридското езеро е несомнено значаен потег за градот кој е континуирано историски активен како екстензија на јадрото, па така долж истиот се појавуваат градби од повеќе историски периоди. Од периодот помеѓу двете светски војни имаме зачувани примери на индивидуални куќи. Непосредно до објектот се наоѓале и два хотели - „Белви“ и „Турист“ како дел од првиот бран објекти поврзани со туризмот, кои со изградбата на хотел „Палас“ во 1957 се срушени. Овие два објекти со нивната импозантност и релативно слична естетика (особено со хотел „Белви“), заедно со тој на Симончевци формирале една целовита слика. Оттаму може да се извлече претпоставка дека овој објект можеби бил користен и како хотел.
- ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаЧисти геометриски форми со скромна декоративна пластика и завршна обработка во малтер. Бочните и расчленети фасади се генерално калкански затворени со мал неопходен број прозорци, додека југозападната фасада, ориентирана кон езерото е силно осончена и отворена. Таа е со главно симетрична композиција со мали отстапки на влезот. Нагласен е централниот волумен кој е испуштен од првиот кат нагоре и завршува со тераса. На двете страни од овој волумен се испуштаат тераси со завршетоци во полукружен манир.СтоларијаДел од прозорците се автентични, изработени од дрво, а дел се заменети со ПВЦ. На прозорците на југозападната фасада има ролетни. Фасадниот изглед е автентично зачуван.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраПромениПромена на столарија од дрвена со ПВЦ.
- Доколку објектот продолжи да не се користи активно, може да дојде до дополнителни оштетувања со тек на време.
- Нема Нема заштитен статус, но се наоѓа на листата на евидентирани објекти кои заслужуваат да бидат заштитени при НУ Завод и Музеј Охрид.
- архитектонска и естетска историскa авторство техничка Историската вредност ја влече од својата поставеност на кејот на езерото во ансамбл со повеќе други значајни градби, но и како сведок на меѓувоениот период. Градбите од полна тула генерално се пониски и мали за разлика од оваа, но архитект Симонче како искусен стручњак одлично ја завршил задачата. Во својот работен век тој работел на повеќе градби вклучувајќи ја куќата на Гинековци и Управната зграда „Радничка“, денес седиште на НУ Завод и Музеј Охрид.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D1%9C%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%83%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8 https://muzejohrid.mk/upravna-zgrada-radnicka/ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE_%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5_(%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4) Картон за инвентаризација на НУ Завод и Музеј Охрид Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.