Куќа на фамилија Видически

Објекти/
Овој станбен објект е во сопственост на семејство Видически и се наоѓа на самата Охридска чаршија. Калкански од двете страни е залепен за соседните куќи што е принцип на градење за тоа време, во ваков одреден контекст. Куќата е главно со симетрична композиција со мали отстапки на влезот (влезната врата е асиметрично поставена во однос на средишната оска), нагласен е централниот волумен со висината и со испуштањето на тераса на вториот кат. Скромна и многу едноставна декоративна пластика се појавува на фасадата што е својствено за објектите од модернизмот.
Година на градење 1933
Инвеститор / Сопственик Фамилија Видически
Град / Општина Охрид
Адреса ул. „Св. Климент Охридски“ бр. 1 / Чаршија Охрид
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена