Куќа на фамилија Метулеви
Објекти/Куќата на Метулеви се наоѓа во Охридската чаршија на аголот со ул. „Аргир Маринчев“ и е една од погабаритните во околината. Објектот е интерполиран меѓу густо, атхитектонско јадро каде доминираат објекти од 19 век. Изграден во третата деценија и не покажуваат тенденција за вклопување во општиот архитектонски амбиент. Објектот е изведен од раномодерната европска архитектура на начин кој условил само одреден степен на „модернизирање“ преку геометриска претпоставеност во основното обликување. Целата куќа е конципирана на терен во пад со нивоа кои се адаптираат како што се искачува теренот.
Архитект Коста Хаџиев
Година на градење 1936
Инвеститор / Сопственик Метулеви
Град / Општина Охрид
Адреса ул. „Аргир Маринчев“ бр. 2
Катност П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема
- КатностП+3+ПкСтруктураОбјектот е изграден во масивен систем со фундамент од камен, полна тула и дрвена кровна конструкција.ПокривПовеќеводен покрив со ќерамиди.ФасадаФасадната обработка на страната на ул. „Аргир Маринчев“ која е во пад е порационална во однос на декоративната пластика, додека фасадата ориентирана кон чаршијата е репрезентативна со поголема игра на волумени, декорација и се стреми кон симетрија иако тоа не е случај. Се појавуваат тераси со засведени облици и полукружни завршетоци и една тераса која е наткриена над столбови. Има повеќе елементи на декоративна пластика. Завршна обработка во малтер.СтоларијаОбјектот има дрвена столарија.КонтекстСе наоѓа на Охридската чаршија која историски е улица за трговија и занаетчиство. Таа е линијата- граница помеѓу стариот град на ридот и новиот град на рамницата. Долж оваа улица има и други значајни историски објекти со слична намена од кои дел се и заштитени како споменици на културата. Бочната страна на објектот ја следи споредната улица која е во пад и органски неправилно се развива, а од спротивната страна е залепена за друг објект со помал габарит.
- ПокривПовеќеводен покрив со ќерамиди.ФасадаФасадната обработка на страната на ул. „Аргир Маринчев“ која е во пад е по рационална во однос на декоративната пластика, додека фасадата ориентирана кон чаршијата е репрезентативна со по голема игра на волумени, декорација и се стреми кон симетрија иако тоа не е случај. Се појавуваат тераси со засведени облици и полукружни завршетоци и една тераса која е наткриена над столбови. Има повеќе елементи на декоративна пластика . Завршна обработка во малтер, фасадни плочки. Појава на рекламни паноа.СтоларијаСтоларијата на објектот е заменета со врати и прозорци од амуминиум и ПВЦ.Ентериер / Заеднички содржиниДуќаните во приземје адаптирани на новата намена и реновирани без обѕир за автентичното.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешносталошаАвтентичност на внатрешносталошаПромениМоже да се забележат повеќе промени, прво во материјалноста на столаријата која денес е ПВЦ и алуминиумска наспроти оригиналната дрвена. Промена на оградите на терасите денес со росфајтни шипки. Доградба на кат. Поставување голем број надворешни клима уреди и голем број реклами. Затворање/заградување на дел од терасите, различна боја на фасада. Различен материјал на фасада во приземје.
- Целосно губење на изгледот на објектот доколку се продолжи со интервенции кои не се во согласност со автентичниот изглед.
- Нема Нема заштитен статус, но се наоѓа на списокот на евидентирани објекти кои заслужуваат да бидат заштитени при НУ Завод и музеј Охрид.
- архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.