Куќа на фамилија Ѓурчинови
Објекти/Куќата се наоѓа на кејот на Охридското езеро, повлечена на 50-тина метри од истото. Работена по проект на нејзиниот сопственик, град. инж. Ѓорѓи Ѓурчинов, се наоѓа во склоп на повеќе куќи од блиски периоди со кои ја сочинуваат фасадата на ривиерата. Основата е конципирана така што сите соби се ориентирани кон езерото на југ, а на северниот дел се наоѓаат сервисните простории кујна, трпезарија и тоалет до кои се доаѓа со заден влез.
Претпоставка е дека влијание на обликот на куќата извршиле тогашните трендови кои се појавуваат западна Европа, а се однесуваат на навраќање кон некои постари архитектонски стилови и нивна манипулација.
До објектот се пристапува од бочната западна фасада која е со посмирена естетика, но со нагласен влезен простор со еркерно испуштање на дел од катот.
Архитект Ѓорѓи Ѓурчиновиќ
Година на градење 1930
Инвеститор / Сопственик Ѓорѓи Ѓурчинов (град. инг.)
Град / Општина Охрид
Адреса Кеј „Македонија“ бр. 3
Катност Су+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- КатностСу+П+1Програмски опис (опис на план по катови)Во сутерен се појавуваат подрумски простории, а на приземјето и катот домување.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем со фундамент од камен, носиви ѕидови од полна тула и дрвена кровна конструкција.ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаПредната фасада како најпретставителна е строго симетрична, со отстапки во кровот, каде кон исток е калкански завршена, како и целата источна фасада. Југозападната фасада како лик на куќата е со импозантни архитектонски елементи и декорација, како што е терасата долж целиот кат, затворена со колонада столбови и лаци со кружен или квадратен заоблен завршеток. Сличен манир добиваат и прозорците на приземје-напред и на катот-повлечени. Впечатлива е обработката на оградата на катот. На кровот се појавува средишен надоѕидок од венецот со полукружен завршеток кој ја нагласува целокупната симетрија. Се појавува секундарна декоративна пластика на повеќе позиции. На северозападната фасада се издвојува исфрлениот доксат, кој наликува на еркерното исфрлување карактеристично за охридската староградска архитектура, додека парапетот е обработен во вид на европскиот бондрук. Фасадата на објектот е завршена во малтер.СтоларијаНадворешната и внатрешната столарија на објектот е изработена од дрво. На катот се појавуваат прозорци со полукружен завршеток, а и кај другите прозорци има заоблување на аглите во горна зона.КонтекстКуќата се наоѓа на кејот на Охридско езеро и е дел од плејада објекти од истиот или блиски периоди. Оваа улица историски е секогаш активна во развојот на Охрид и како таква е слоевита. Во непосредна близина на куќата среќаваме и други куќи со сличен габарит и естетика. Градена е во 1930 год. како и соседната, исто така заштитена куќа на Групчеви. Денес таа е една од неколкуте заштитени објекти од овој период долж кејот на езерото.
- ПокривПовеќеводен покрив со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаФасадата е автентична. Предната фасада како најпретставителна е строго симетрична, со отстапки во кровот, каде кон исток е калкански завршена, како и целата источна фасада. Југозападната фасада како лик на куќата е со импозантни архитектонски елементи и декорација, како што е терасата долж целиот кат, затворена со колонада столбови и лаци со кружен или квадратен заоблен завршеток. Сличен манир добиваат и прозорците на приземје-напред и на катот-повлечени. Впечатлива е обработката на оградата на катот. На кровот се појавува средишен надоѕидок од венецот со полукружен завршеток кој ја нагласува целокупната симетрија. Се појавува секундарна декоративна пластика на повеќе позиции. На северозападната фасада се издвојува исфрлениот доксат, кој наликува на еркерното исфрлување карактеристично за охридската староградска архитектура, додека парапетот е обработен во вид на европскиот бондрук. Фасадата на објектот е завршена во малтер.СтоларијаНадворешната и внатрешната столарија на објектот е изработена од дрво. На катот се појавуваат прозорци со полукружен завршеток, а и кај другите прозорци има заоблување на аглите во горна зона.ПартерВо линија на јужната фасада се појавува метлана влезна порта. По должината на северозападната страна дворот е ограден со полн ѕид.Ентериер / Заеднички содржиниНе е значително нарушен автентичниот ентериер. Измените во ентериерот се исклучиво од функционална природа и ни најмалку не ја намалуваат неговата вредност (според Елаборат на НУ Завод и Музеј).Ентериер / Приватни содржиниНе е значително нарушен автентичниот ентериер. Измените во ентериерот се исклучиво од функционална природа и ни најмалку не ја намалуваат неговата вредност (според Елаборат на НУ Завод и Музеј).Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностадобраПромениПостојат ситни разлики од проектот и денешната состојба, за кои не постои податок дали се така изведени или изменети подоцна. Таква е обработката на оградата на катот која не се појавува на проектот и други елементи од декоративната пластика.
- Загрозеност поради староста на објектот и неговата изложеност на јужниот ветер кој има негативно влијание на фасадата ориентирана кон езерото.
- Има Заштитена со Решение бр. 14-1269/2 од 11.12.1989 год.
- историскa архитектонска и естетска авторство општествена / социјална Ѓорѓи Ѓурчинов покрај сопствената куќа работел и на други проекти меѓу кои и куќата на Паунковци во Охрид, која е исто така е заштитен споменик на културата. Општествената и историска вредност произлегува од фактот што во текот на Втората светска војна куќата се користела како Команда на италијанската војска, потоа на германската, а во еден период, третирана како државен имот, претставувала седиште на Бугарската национална банка.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Елаборат за ревалоризација на куќата на кеј „Маршал Тито“ бр. 3 во Охрид (НУ Завод и Музеј Охрид) https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D1%9C%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%83%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8