Хидробиолошки институт Охрид

Објекти/
Хидробиолошкиот институт (или оригинално завод) е изграден во 1935 год. на иницијатива на биологот Синиша Станковиќ и од тоа време е единствена институција во државата од овој тип. Позициониран е надвор од градот, но блиску до Билјанини извори и Петрино од една, а до езерото од друга страна. Каналот Студенчишта е наменски ископан за институтот со цел директна врска со езерото, а на каналот се надоврзуваат бетонски рибници-мрестилишта во дворот и приземниот кат. Објектот е граден на подлога од блато, со камени масивни ѕидови. Се работи за строго симетрична композиција со средишен испуштен дел и две странични крила и овој план се развива по сите катови. На фасадата се забележуваат декорации и второстепена архитектонска пластика околу прозорците и терасите, дрвена столарија која на места е затворена со пластични ролетни.
Година на градење 1935
Инвеститор / Сопственик Државна институција
Град / Општина Охрид
Адреса ул. „Наум Охридски“ бр. 50
Катност П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена