Спомен костурница на паднатите борци во Балканската војна 1912 „Зебрњак“
Објекти/Единствен споменик на овие простори е споменикот на паднатите воини во Кумановската битка на 23 и 24 октомври 1912 година, подигнат на ридот Зебрњак на 511 м надморска висина, во близина на Куманово. Овој меморијален комплекс е подигнат во чест на загинатите српски војници, во кои имало и Македонци, кои учествувале во Кумановската битка во 1912 година, за време на Првата балканска војна. Оваа битка се смета за исклучително значајна со која се означила победата на српската војска над турската, со што започнало ослободувањето на југоисточна Европа од Отоманската империја. Сепак од македонска историографска перспектива, овој настан се оценува и како почеток на српската колонизаторска власт над Вардарска Македонија.
Идејата за подигнување на споменикот се појавила уште во 1922 година, кога група српски воени ветерани формирале одбор за оваа цел. Сепак, изградбата започнала дури во периодот од 1934 до 1937 година. Споменикот бил свечено осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка. Споменикот е експресионистички обликувана спомен-кула (кула-обелиск) висок 48,5 метри, изградена според проектот на архитектот Момир Коруновиќ, а изведбата на градежните работи ги доверил на г. Михаило Аранѓеловиќ, градежник од Белград. Коруновиќ е автор на повеќе спомен-обележја, спомен-костурници, спомен-домови, спомен-чешми, Соколски домови и стадиони подигнати во чест на династијата Караѓорѓевиќ.
Споменикот бил изграден од најтврди базалтни камени блокови и армиран бетон, а била финансирана од доброволни прилози на преживеаните борци од Кумановската битка. Споменикот бил урнат на 24 мај 1942 година, во текот на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор.
Архитект Момир Коруновиќ
Година на градење 1937
Инвеститор / Сопственик Финансирана од доброволни прилози на преживеаните борци од Кумановската битка
Град / Општина Куманово
/ Младо Нагоричане
Адреса ридот Зебрњак
Катност Базис-јадро и кула-обелиск (6 ката) со висина од 48,5 метри.
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1922 година се појавила идејата за подигнување на споменикот. Од 1934 до 1937 година се гради споменикот. Во Втората светска војна Зебрњак е бомбардиран од страна на Бугарската армија и кулата е срушена.КатностБазис-јадро и кула-обелиск (6 ката) со висина од 48,5 метри.Програмски опис (опис на план по катови)Во приземјето на кулата се наоѓала крипта каде биле положени коските на загинатите воини. Над неа бил сместен музеј со девет одделенија каде биле изложени трофејни предмети пронајдени на бојното поле по битката. Над основата на споменикот се наоѓала капелата која била фрескоживописана од сликарот Живорад Настасијевиќ. На одредена висина, на секој од трите агли на споменикот, на постаменти биле изложени оригинални топови од Кумановската битка.СтруктураСпоменикот има структура од армиран бетон и базалт. Тој создава спој од масивно подножје и витка триаголна кула, градба која истовремено е силна и елегантна.ПокривКулата е завршена со купола, изработена од камен на чиј врв стоел крст кој денес сѐ уште е на локацијата, поставен на земја покрај самиот објект.ФасадаНадворешноста на кулата имала карактеристични декорации. Во пределот над капелата со големи бројки била испишана годината на Кумановската битка „1912“, а во горниот предел се наоѓал двоглавиот орел од грбот на Српското Кралство. Со складни пропорции, овој меморијал можел да се види и од далеку, дури и преку ноќ, затоа што од неговиот купол светел три лампи „Петромакс“. Тоа било симболично, вечно кандило на починатите.Ентериер / Заеднички содржиниВнатрешноста на објектот била обработена со фрески од сликарот Живорад Настасијевиќ, кои претставувале теми од секојдневниот живот и ликови во народи носии.КонтекстСпоменикот е подигнат во 1937 година на локацијата на самата борба - ридот Зебрњак кај Куманово во тогашната Вардарска бановина во Југославија, денешна Република Македонија. Воена сила од околу 90 000 војници под команда на Александар I Караѓорѓевиќ. Оваа битка ја одлучи Првата балканска војна. На турската војска и бил нанесен тежок пораз, по кој следуваше завршното протерување на Турците од Балканот. Во спомен-костурницата, почиваат посмртни остатоци на 678 загинати српски борци.
- ФасадаСпоменикот е изграден од базалт и армиран бетон. Отвори со полукружен завршеток (арка) и нагласени со урамаување од полукружни рамки.СтоларијаОтвори со полукружен завршеток (арка) и нагласени со урамаување од полукружни рамки.ПартерСпоменикот е заграден со ограда, изработена од камен и метал.Ентериер / Заеднички содржиниГолем дел од коските на паднатите борци сѐ уште се таму, во костурницата на приземјето. На катот е сместена изложба за Кумановската битка и оригиналната градба. Од оригиналните фрески е зачувана само една.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешностазадоволителна
- Има Значајно културно наследство, Уп. бр. 08-57 од 01.03.2011
- историскa авторство Спомен-костурница на ридот Зебрњак - монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година. Градбата е дело на реномиран архитект, Момир Куруновиќ, кој во периодот гради повеќе објект во Куманово.
- https://marh.mk/zebrnjak_kumanovo_korunovich/ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%B1%D1%80%D1%9A%D0%B0%D0%BA