Соколски дом

Објекти/
Соколански дом, познат и како Соколана или Соколски дом, објект и поранешна спортска сала во Куманово. Изградбата започнала на 26 јуни 1923 година според проектот на српскиот архитект Момир Коруновиќ. Финансирана е преку доброволни прилози од граѓаните и еснафската јавност, со активно учество на војниците од 22. пешадиски полк стациониран во Куманово. Во 1925 година бил поставен покривот, но изградбата повторно запирала. Во 1926 година била изложена на вандализам – уништен е дел од опремата, а незавршениот објект започнал да се оштетува. Рускиот архитект Владимир Антонов ја реконструирал покривната конструкција, а работите завршиле во 1928 година. Свеченото отворање се одржало на 6 септември 1931 година, кога домот бил предаден на Соколското друштво. Домот бил седиште на кумановското Соколско друштво, а подоцна станал и домашен терен на „КК Куманово“.
Период 1930-1939
Инвеститор / Сопственик Доброволни прилози од граѓаните и еснафската јавност / Општина Куманово
Град / Општина Куманово
Адреса ул. „Народна Револуција“ бб
Катност П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има