Занаетчиски дом - Куманово

Објекти/
Занаетчискиот Дом во Куманово, наречен и „Кумановски Нотр Дам“, претставува пресек на технолошкиот напредок и урбанистичкиот развој на Куманово, кој во тој период се трансформирал од ориентален во модерен европски град. Објектот е дело на архитектот Владимир Антонов и е изграден во центарот на Куманово. Објектот е поделен на три основни функции: приземје со трговска дејност, голема сала и заден дел со канцелариско-станбена функција. Тој има правоаголна основа и ја следи регулационата линија. Концепт на масивно приземје расчленето со лачни отвори, изработено од правоаголни камени блокови. Високите вертикални пиластри, се лишени од било какви декорации со стоги академски правила. Геометризираните вертикални елементи ги обединува со завршен хоризонтален венец, од кој на експресивен начин се развиваат кулите на челната фасада, надвишени над останатиот волумен кој има динамичен волумен. Во растерот на лаковите се имплементирани и два влеза кои имаат потенциран лак со нагласена вертикала преку пиластри. Јавниот влез се разликува со полукружно завршени стаклени површини, додека службениот влез е повлечен и завршува со права линија.
Година на проектирање 1924
Инвеститор / Сопственик Здружение на занаетчискиот еснаф во Куманово
Град / Општина Куманово
Адреса Градски плоштад Куманово / Плоштад „Нова Југославија“
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има