Кралска вила во Демир Капија

Објекти/
Кралската винарија во Демир Капија во рамките на која е сместена и кралската вила, се смета за една од најстарите винарии на Балканот. Винаријата била изградена од кралот Александар I Караѓорѓевиќ во 1929 година по препорака на врвни француски енолози кои го предложиле демиркапискиот регион како климатски најповолен. Кралската вила е изградена во 1930-тите години како резиденцијален објект по желба на кралицата Марија, од непознат архитект, иако како проектант се споменува името на архитектот Александар Дероко за што сѐ уште не постојат докази. По својот обем објектот е мал, со подрум, приземје и кат, функционално решен да ги задоволи потребите за краток престој на кралското семејство. Во неговото архитектонско обликување ce применети одредени мотиви од традиционалната архитектура од фолклорен тип, како што е карактеристичниот покрив со длабоки стреи, лачните тремови, прозорецот-трифора, еркерите и високото цокле изработено од делкан камен. Интересен детаљ во влезната партија претставуваат две теракотни статуи - каријатиди со висина од 2,80 м, изработени и составени во работилница за керамички производи од Вршац, Србија.
Период 1930-1939
Инвеститор / Сопственик Крал Александар I Караѓорѓевиќ
Град / Општина Демир Капија
Адреса ул. „11 Октомври“ бб
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има