Институт за лица со посебни потреби, Специјален завод Демир Капија - (Кралската Болница во Демир Капија)

Објекти/
Спомен-амбулантната болница во Демир Капија е изградена во периодот 1936–1938 година од страна на југословенските железничари како спомен на „Витешкиот крал Александар I Обединител“. Објектот бил дел од модернизација на јужните региони на Кралството Југославија и имал за цел да ги подобри здравствената заштита и животните услови на локалното население. Болницата била една од најмодерните здравствени установи во тој дел на монархијата. Архитектот Џорџевиќ ја проектира болницата во склад со тогашните актуелни проектантски стремежи за архитектура со модерен облик кој се присутни од крајот на дваесеттите години. Пред сѐ болницата е рационално обликувана со чисти геометриски форми и напуштање на историски - естетските начела на архитектурата.
Година на проектирање 1938
Град / Општина Демир Капија
Адреса ул. „Кирил и Методиј“
Катност Су+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена