Куќа на Гагачеви

Објекти/
Станбениот објект се наоѓа на аголот на ул. „Вардарска“ и ул. „Мирко и Танче Живкови“. Претставува слободностоечки објект со едноставна форма со полукружен издаден дел на предната фасада. Во фасадното обликување изведена е прочистена геометриска декорација, прозорските отвори се развиваат во хоризонтална насока со умерени пропроции. Модерниот архитектонски израз на овој објект можеме да го согледаме до асиметричното решавање на волумените и различната нивелација на кровите. Вовлечениот заоблен волумен е комозициски потенциран.
Инвеститор / Сопственик Фамилија Гагачеви
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Вардарска“ бр. 14
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена