Станбен објект на ул. „Ленинова“ бр. 18
Објекти/Станбен објект на ул. „Ленинова“ бр. 18 кој се наоѓа веднаш спроти Битолскиот културен центар. Доминира едноставноста во основната композиција на фасадите и елементите кои се составен дел од непрекинатиот уличен фронт. Тој е прекинат со поставување на вториот волумен вовлечен од уличниот фронт кој е поврзан со полукружен балон и скалишно јадро. Ова нагласено рано модерно оформување наведува до хипотезата дека вториот волумен е наградба на постар објект.
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Ленинова“ бр. 18
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностСу+П+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катот има станбени содржини. Во куќата се влегува преку вовлечен влез кој води скалишен простор до просториите за домување.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Ѕидовите на приземјето, катовите и во таванот се од полна тула со варов малтер. Кровната конструкција е дрвена.ПокривПовеќеводен кров од дрвена конструкција и ќерамиди, на одредени места со повисок надоѕидок.ФасадаМалтерисана во боја. Бидејќи куќата зазема аголна позиција, фасада каскадно се расчелнува како по хоризонтала, така и по вертикала, со додаден ефект од надоѕидоците на кровот.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Отворите заземаат различни големини и форми што додава на разиграноста на целокупната форма. Сите фасадни отвори се опремени со дрвени надворешни капаци.ПартерПреден двор кон улицата.КонтекстОбјектот од едната страна е прилепен до соседната куќа и со уште една заедно претставуваат куќи во низа.
- ПокривПовеќеводен кров од дрвена конструкција и ќерамиди, на одредени места со повисок надоѕидок.ФасадаМалтерисана во друга боја. Бидејќи куќата зазема аголна позиција, фасада каскадно се расчелнува како по хоризонтала, така и по вертикала, со додаден ефект од надоѕидоците на кровот.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Отворите зазeмаат различни големини и форми. Додава на разиграноста на целокупната форма. Сите фасадни отвори се опремени со дрвени надворешни капаци. Доста прозори се со заменета столарија во ПВЦ оков.ПартерПреден двор со бекатон плочки.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на првичната намена во дел од објектот (претпоставка). Промена на фасадна столарија и боја. Доградба на помошни простории и/или гаража во дворот.
- историскa архитектонска и естетска
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и останатите носители на одлуки да ги земат предвид вредностите кои објектот ги поседува, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објекти. Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.