Станбен објект на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2а

Објекти/
Објектот се наоѓа на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2а во строгиот центар на Битола во близина на Широк Сокак. Претставува слободностоечки објект со едноставна форма со полукружен издаден дел на предната фасада, што е карактеристика за ран модернизам. Големи прозорски отвори во линија, што ја покажува потребата од поврзување на внатрешниот простор со надворешноста и отворање кон надвор. Во фасадното обликување изведена е прочистена геометриска декорација, прозорските отвори се развиваат во хоризонтална контиунирана лента со умерени пропроции. Кубичната фасада ја разбива полукружен издаден дел на предната фасада.
Година на градење 1939
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2а
Катност П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема