Станбен објект на ул. „Белградска“ бр. 32
Објекти/Станбениот објект се наоѓа на ул. „Белградска“ бр. 32 во централниот предел на градот. До куќата се пристапува преку голем преден двор што е несвојствено за куќите од тој период во овој предел на градот. Оваа куќа е со намена индивидуално домување. Јасна и едноставна структура на објектот препознатлив за типот на објекти од овој период.
Модерниот архитектонски израз на овој објект можеме да го согледаме до асиметричното решавање на волумените и повторното повишување на фасадните ѕидови за закривање на кровот. Асимиетријата на композицијата е омекната со смиетричното решавање на првиот кат.
Период 1930-1939
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Белградска“ бр. 32
Катност П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+1Програмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катот има станбени содржини. Во куќата се влегува преку вовлечен главен влез на јужната фасада. Вертикалното поврзување со катот и подрумот се скалите.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Ѕидовите на приземјето, катовите и во таванот се од полна тула со варов малтер. Кровната конструкција е дрвена.ПокривДвоводен кров од дрвена конструкција покриена со ќерамиди, на одреден дел поголем надоѕидок во линија на предната фасада.ФасадаНадворешната обработка е во цементен малтер.СтоларијаНадворешната столарија била дрвена со потенцирање на хоризонтална поделба со надсветло. Првично на сите прозорски отвори биле поставени дрвени капаци.ПартерГолем преден двор преку кој се пристапува до куќата преку патека и останатиот дел уреден со зеленило.КонтекстКуќата се наоѓа на рамен терен во центарот на градот каде структурата на градбите е густа. За разлика од куќите во околината каде тие излегуваат со својата предна фасада директно или приближно на улицата, интересно за оваа куќа е тоа што таа има голем преден двор. Преку него се пристапува до објектот.
- ПокривДвоводен кров од дрвена конструкција покриена со ќерамиди, на одреден дел поголем надоѕидок во линија на предната фасада. Според кровната конструкција над одреден дел се доаѓа до претпоставка дека дел од објектот е надграден.ФасадаЕдноставна и чиста фасада, асиметрична. Додадени се надворешни светилки на фасада. Според структурата и формата на куќата постои претпоставка дека дел од првиот кат е надоградуван. Малтерисана е и обоена во две нијанси, со потенцирано цокле на приземјето.СтоларијаФасадната боја и фасадната столарија е во целост променета, додадени се ролетни за заштита од сонце. Додадени се решетки на прозорците на приземје. Голема е веројатноста дека влезната врата на предната фасада е оригиналната, тргнувајќи од нејзината профилација и детална изработка.ПартерГолем преден двор преку кој се пристапува до куќата преку патека и останатиот дел уреден со зеленило.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителна
- историскa емотивна Со оглед на тоа дека објектот е во мала мера променет, останува неговата историска и емотивна вредност.
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и до останатите носители на одлуки: Земајќи ги предвид автентичноста, состојбата на сочуваност и културно-историското эначење на објектот како нераскинлив дел од развојот на Битола, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете Светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објект. Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.