Станбен објект на ул. „Белградска“ бр. 29

Објекти/
Станбениот објект се наоѓа на ул. „Белградска“ бр. 29 каде објектот го следи уличниот фронт во низа каде со предната фасада излегува директно на улицата. Објектот е на високо приземје и кат, со сутеренски дел. Предната фасада е рамна со минимални потенцирана третостепена пластика, со цел да се добие впечаток на симетричност. На средишниот дел од објектот јасно се гледа скалишниот простор по вертикала. Динамиката на објектот се менува на покривот, каде венецот на објекот е поставен под наѕидокот зад кој сокриен кровот.
Период 1940-1949
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Белградска“ бр. 29
Катност Су+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена