Станбен објект на ул. „Климент Охридски“ бр. 3б

Објекти/
Овој станбен објект се наоѓа на ул. „Климент Охридски“ бр. 3б. Претставува слободностоечки објект со јасна и едноставна геометрија подигнат во низа со два соседни објекти. Со формата и фасадното обликување успешно е вклопена во непосредната околина. Скалишното јадро е јасно потенциран повлечен и додава на динамичност на едноставната форма. Станбениот волумен е разбиен со вовлечените тераси и едноставните огради.
Период 1940-1949
Инвеститор / Сопственик Фамилија Аврамовски (?)
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Климент Охридски“ бр. 3б
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена