Објект на Собранието на Општина Битола
Објекти/Објектот на Собранието на Општина Битола се наоѓа на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 6 во центарот на Битола. Со неговата предна и главна фасада е позициониран кон кејот на реката Драгор. Објектот е изграден во 1936 година.
Решен е со симетрично решение кој се развива по хоризонтала потенциран, нагласен централен дел со влезна партија и репрезентативни вертикални комуникации. Забележителна е доста чиста форма на целиот објект со репетитивност во обмислувањето на отворите, потенциран венец на кровот и плитко обработени агли со плитка пластика. Централноста на објектот е врамен со балконот на првиот простор кој е влезниот трем.
Во 1991 год., сопственоста преминува на АРМ. Во 2003 год., објектот е целосно реновиран и приспособен за потребите на Општина Битола како општинска зграда која сѐ уште е во функција.
Година на градење 1936
Инвеститор / Сопственик Југословенска народна армија (ЈНА)
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Кирил и Методиј“ бр. 6 / бул. „1 Мај“
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1936 год. е изграден објектот. Во 1991 год. сопственоста преминува на ЈНА, подоцна на АРМ. Во 2003 год. објектот се реновира и проспособува како Собрание на Општина Битола.КатностПо+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Јасно забалежлива строга симетрија на планот, како во хоризонтала, така и во вертикала. Нагласен централен дел со влезна партија и репрезентативни вертикални комуникации. Во самиот план се забележува потенциран средишен тракт на ходник, преку кој се пристапува до просториите од лева и десна страна. Крилата со ходниците се пониски од средишниот дел со вертикалните комуникации. Ходниците се шират кон два правци кои завршуваат со полукружен манир на ходникот - осветлени со прозори. Скалишниот дел исто така е природно осветлен.СтруктураОбјектот е изграден во масивен носив систем, со ѕидови од тула. Покривот е изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди. Ценралниот кров е скриен позади надоѕидок.ФасадаНадворешната обработка е во малтер. Околу прозорците се појавува линиска второстепена платика обоена во неколку нијанси, т.е со потенциран сутерен.СтоларијаНадворешната столарија е изработени од дрво со хоризонатлна профилација и надворешни обоени бело. Вратите во објектот се исто изработени од дрво (внатрешни и надворешни), влезните со натсветло.ПартерОбјектот е слободностоечки со голем заден двор во кој се наоѓаат други помошни објекти. Бекатон плочки пред влезната партија, асфалт, калдрма во дворот од задната страна и зеленило.Ентериер / Заеднички содржиниМермерни плочки во централниот дел со вертикалните комуникации и ходникот. Ќерамички плочки во ходниците од лева и десна страна. Малтерисани тавани и ѕидови премачкани со мрсна боја во долна половина, дрвена столарија, скали од мермер со железни декорирани огради и дрвен профилиран гелендер.Ентериер / Приватни содржиниПодови од паркет/ламинат со боја на дрво во канцелариите.КонтекстОбjектот е поставен како самостојна градба со релативно потенцирана влезна партија од улицата. Предната фасада е насочена кон реката Драгор. На задната страна има голем двор. Со својот симетричен, ригиден и модерен изглед јасно говори за периодот и архитектонските влијанија во неговото обликување.
- ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди. Ценралниот кров е скриен позади надоѕидок.ФасадаНадворешната обработка е во малтер. Околу прозорците се појавува линиска второстепена платика обоена во неколку нијанси, т.е со потенциран сутерен.СтоларијаНадворешната столарија е изработени од дрво со хоризонатлна профилација и надворешни обоени бело. Вратите во објектот се исто изработени од дрво (внатрешни и надворешни), влезните со натсветло.ПартерБекатон плочи, асфалт, калдрма (камени коцки), зеленило.Ентериер / Заеднички содржиниМермерни плочки, метална ограда со декорации, дрвен гелендер, дрвена столарија во бела боја.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениНе се забележани значителни интервенции и модификации. Забележани се промени како генерално реновирање и одржување на објектот (малтерисување, бојадисување).
- Има НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Битола
- историскa архитектонска и естетска техничка општествена / социјална емотивна Градбата е речиси еден век стара и е добар пример на објекти со ваква типологија од тој период, впечатливоста заради чистиот план, симетријата, внатрешниот простор и декоративните детали се од посебно значење. Првично како зграда на ЈНА претставува општествен препознатлив симбол до ден денес и има емотивна вредност поради нејзината намена низ годините до денес.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.