Вила Маедраг

Објекти/
Вилата Маедраг се наоѓа во месноста Црн мост во Битола и е подигната според проектот на рускиот архитект Погадин во 1937 година. Модерниот архитектонткси израз на овој објект е изразен во оформувањето на волумените и организацијата на фасадните елементи. Од сегашната состојба е тешко да се соочат овие елементи со различните интервенции и доградби кои се нанесени во текот на годините. Стопанственик на вилата бил битолчанецот Илија Србинов кој имал пивара (Скопска пивара) и фабрика, покрај куќа на Широк Сокак (сегашен хотел и пицерија Милениум, ја изградил и оваа вила Маедраг, нарелена според почетните имиња на неговите ќерки (Марика, Елка и Драга). По Втората светска војна, објектот бил конфискуван и претворен во репрезентативен хотел за дочек на официјални гости.
Година на градење 1937
Инвеститор / Сопственик Илија Србинов
Град / Општина Битола
Адреса бул. „1 Мај“ бр. 36
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена