Куќа на Штериќ
Објекти/Куќата се наоѓа на агол на две прометни улици. Се развива на приземје и кат. Генерално е скромен волумен, но со акцент на источниот калкански ѕид во кој една партија се надвишува над останатиот габарит. На овој обликовен волумен се јавуваат кружни прозорци кои како манир се карактеристични за периодот на градење. Претпоставка дека источниот волумен е изграден во друга фаза со препознатиливи кровни надвишувања на калканскиот ѕид и декорација кои се присутни во Битола.
На првичниот објект постои плитка секундарна декоративна пластика на фасада и тоа во партиите до и над прозорците на катот, и на калканскиот ѕид на источната фасада.
Година на градење 1936
Инвеститор / Сопственик Фамилија Штериќ
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Димитар Илиевски - Мурато“ бр. 24
Катност П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е изграден во 1936 година.КатностП+1Програмски опис (опис на план по катови)На приземјето и катовите се сместени станбени единици.СтруктураОбјектот е изведен во масивен конструктивен систем систем, со ѕидови од полна тула. Покривот е повеќеводен, изведен од дрвена потконструкција со покривање ќерамиди.ПокривПокривот е повеќеводен, изведен од дрвена потконструкција со покривање ќерамиди.ФасадаОбјектот има фасадна завршница во малтер, прочистена фасада, во првичниот објект постои плитка секундарна декоративна пластика на фасада и тоа во партиите до и над прозорците на катот, и на калканскиот ѕид на источната фасада.СтоларијаНадворешните столарија е дрвена. Прозорските отвори се обоени бели. Влезните врати и кружните прозорци се дрвени. На првиот кат на прозорците се поставени дрвени надворешни капаци.КонтекстКуќата се гради по нарачка на фамилија Штериќ. Таа се наоѓа на агол на улиците „Димитар Илиевски-Мурато“ и „Никола Тесла“ и затоа е видлива од пошироко видно поле.
- ПокривПокривот е повеќеводен, изведен од дрвена потконструкција со покривање ќерамиди.ФасадаОбјектот има фасадна завршница во малтер, прочистена фасада, во првичниот објект постои плитка секундарна декоративна пластика на фасада и тоа во партиите до и над прозорците на катот, и на калканскиот ѕид на источната фасада.СтоларијаЦелата надворешна столарија со исклучок на влезната врата се променети со ПВЦ оков. На првиот спрат се задржани дрвените капаци.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениВо 2010 година се доградува тераса на задната страна на парцелата. Исто така една претпоставка е дека единствениот отвор кој се јавува на источната фасада е можно да е отворен подоцна. Отворен нов влез на северната фасада за деловен простор кој има пристап директно од улица.
- Има Има, но не е познат бројот на решение
- архитектонска и естетска Естетиката на нагласениот волумен со кружни прозори на источниот дел на објектот е својствена за овој период и е вредна да се забележи.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.