Куќа на фамилија Османли
Објекти/Куќата се наоѓа на пресек на пешачката промената Широк Сокак и друга улица со автомобилски сообраќај. Карактеристично за неа е што заобиколува друга куќа која се наоѓа на самиот агол, појавувајќи се со фасада на двете улици. Таа ја следи урбаната матрица и се надоврзува уличниот фронт со своите комерцијални намени, додека во позадина и на катовите се наоѓаат приватните содржини за домување. Куќата има долга хронологија на доградби пред да го добие денешниот конечен волумен.
Архитект Григорије Ташковиќ
Година на градење 1931
Инвеститор / Сопственик Александар Османли
Град / Општина Битола
Адреса „Широк Сокак“ бр. 30
Катност По+П+2+Пк
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Фаза 1 (1931-1938) Објектот првично се јавува како надградба на постоечки дуќани ориентирани кон Широк Сокак со градба на дополнителен волуменот на соседната мала парцела. Вака поставениот објект се надоврзува на фронтот со западната фасада додека јужната е повлечена и пред неа се појавува двор. Се гради подрум и кат димензионирани за потребите на едно семејство. Фаза 2 (1938-1960) Со цел издавање на просторот, сопственикот одлучува да догради втор кат и мансарда-поткровје со помали висини од постојните. Скалите кои водат кон подрумот се заградуваат и се добива мал санитарен простор. На првиот кат се преградува терасата а истата се додава на објектот со конзолно испуштање. Се доградува волуменот кон западната страна. Фаза 3 (1960-1973) Се придодава нов волумен со скалишно јадро за независен пристап до вториот кат. Дел од задниот двор се пренаменува во корист на улични коридори и се гради гаража до која се пристапува од истата улица. До гаражата се појавува уште еден монтажен објект-остава. Цементниот под на дворот се препокрива со терацо. На вториот кат е проширена и заѕидана една просторија и дел од терасата. Волуменот на мансардата е заѕидан од столб до столб. Над отворите се појавуваат монтажни стреи. Фаза 4 (1973-2020) Дворот кон југ се отстапува за реализација на уличниот профил така што се трансформира во тротоар. Со ова, јужната фасада излегува на уличниот фронт. Се јавува замена на оригиналната столарија со нова стаклена во комерцијалните простори во приземје и ПВЦ во станбените делови на катовите. Над влезовите на продавниците се поставуваат тенди и клима уреди. Поставена е челична стреа на терасата на вториот кат, а бетонската ограда на кровот е отстранета. На јужната фасада се преобликуваат скалите во мермерни полукружни скали. (Според В. Османли)КатностПо+П+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Подрум - складирање и сервис за сопствениците и закупците. Приземје - првично ординација на сопственикот, потоа различни комерцијални намени кон надвор. Прв кат - живеење, прием. Втор кат - живеење оригинално, но со намалување на бројот на корисници се пасивизира. Мансарда - складирање и сервис, никогаш не се користела активно.СтруктураНосиви камени ѕидови во подрум, приземје и кат од полна тула со дебелини 43 см, односно 33 см. Дрвена меѓукатна конструкција. Дрвена кровна конструкција на повеќе води. Исклучиво дрвени скалишни јадра. Доградените кат и мансарда се исто така од полна тула.ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаОбјектот е со завршна обработка малтер. Фасадите имаат плитка пластика со украсени детали и наглаени орнаменти, изведени во духот на академизмот. На оргиналниот објект од 1931 год. на последниот кат е поставена затворена дрвена галерија, целосно застаклена. На западната страна модерната доградба се поврзува со постоечкиот објект во декорација и обработка на првиот кат но добива модерен оформен отворе балкон и белведере.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Поделени се во три полиња со фиксно горно надсветло. Исклучителна е надворешната столарија која ја оформува галеријата.ПартерЦеменитрана пристапна патека, високо и ниско зеленило, дрвени перголи, клупи, фонтана, цементни сточпчиња.Ентериер / Заеднички содржиниНајголемо влијание за ентериерот имал самиот инвеститор со идеите кои ги добил со престој во Америка. Најрепрезентативен дел била влезната партија, со скалишниот простор и ѕидови обработени со релјефен малтер и мрсна боја, дрвена лајсна и композиција од боени полиња исполнети со бордура. Дрвени скали со дрвени пармаци, сијалички на оградата и декоративни керамички фигури. Сите дрвени елементи биле резбани. Приемниот салон, чии ѕидови имале своја оригинална бордура, бил полн со мебел по порачка. Резбаните витрини биле опремени со увезени порцелански сервиси и гравирани сребрени есцајзи.Ентериер / Приватни содржиниСпалните и дневните соби биле исто така опремени со дрвен декоративен мебел и разновидни флорални и органски бордури на ѕидовите. Одлика преземена од локалното фолклорно творештво била функционалното искористување на просторот, имплементирана преку оставите сместени под скалишните простори и малите, затскриени вратнички кои воделе до нив.КонтекстШирок Сокак е главната пешачка магистрала и е препознаена како амбиентална целина со свои карактеристики. Носел осум имиња во различни епохи. Најголем број објекти датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век со еклектични и рано-модернистички влијанија во кои се вбројува и куќата на Османли. Овие структури содржат разнородни стилски елементи така што е невозможно да бидат класифицирани во одредена стилска групација. Григорие Ташковиќ работел како државен службеник во Битола од 1925-1932 год., каде имал можност да учествува и во проектирање на други објекти на Широк Сокак од тој период. Следствено на тоа, тој се труди да одговори на амбиентот на постоечката структура, притоа пробувајќи да имплементира елементи на сѐ уште новиот модернизам. Се школувал на техничкиот отсек на Великата школа во Белград.
- ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди, рамен кров и тераси покриени со ребрест лим, плексиглас.ФасадаГипс и малтер.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Поделени се во три полиња со фиксно горно надсветло. Надворешната столарија која ја оформува галеријата е исклучителна. Дел од столаријата е заменета со ПВЦ оков.ПартерПоплочување од бетон терацо, зеленило, бетонска чешма, железна ограда.Ентериер / Заеднички содржиниПодот е од цемент, како и скалите кон дворот, а скалите до приземјето се дрвени, премачкани со мрсна боја. Малите прозорци се дрвени, со железни декоративни решетки од надворешната страна. Меѓукатната конструкција не е обложена, а гредоредот е видлив. Вратите од просториите, опшивите на скалите и другите помошни елементи се од дрвени штици. Трговските простори во приземје се обложени со керамички плочки. Главниот влез е задржан во автентичното обликување, со дрвени лакирани скали, профилиран ракофат и пармаци, ѕидови од релјефен малтер и мрсна боја и бордурирана боја со дрвена делбена лајсна. На првиот кат автентичните ѕидови со бордура се задржани во салонот и приемната соба. Вратите во ентериерот на приземјето и првиот кат се автентични од првата фаза на објектот, од профилирано дрво, премачкано двобојно, но не се оригинален елемент, препознаени се и во други објекти од истиот период. Оригинален елемент е дрвено-стаклената преграда меѓу скалишниот простор и салонот, од повторливи полиња на профилирано дрво.Ентериер / Приватни содржиниМалтерисани и фарбани еднобојно. Плафонот е од малтерисани дрвени штици, само во тоалетот има дрвена ламперија за вентилација. Подот е во најголем процент обложен со паркет во шема рибина коска, исклучок се санитарните простории и терасите кои се обложени со керамички плочки. Подот во собите на вториот кат е од дрвени штици покриени со линолеум, терасите и тоалетот се со керамички плочки, а холот, во третата фаза, е покриен со пигментиран цемент. Плафонот во собите е малтерисан, а во санитарните простории и холот има пластична ламперија. Се појавуваат дрвени миндери. Материјалите на мансардата се повторуваат како на вториот кат, со послаб квалитет.Состојба на надворешностазадоволителнаСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностадобраПромениФаза 1 (1931-1938) Објектот првично се јавува како надградба на постоечки дуќани ориентирани кон Широк Сокак со градба на дополнителен волуменот на соседната мала парцела. Вака поставениот објект се надоврзува на фронтот со западната фасада додека јужната е повлечена и пред неа се појавува двор. Се гради подрум и кат димензионирани за потребите на едно семејство. Фаза 2 (1938-1960) Со цел издавање на просторот, сопственикот одлучува да догради втор кат и мансарда-поткровје со помали висини од постојните. Скалите кои водат кон подрумот се заградуваат и се добива мал санитарен простор. На првиот кат се преградува терасата а истата се додава на објектот со конзолно испуштање. Фаза 3 (1960-1973) Се придодава нов волумен со скалишно јадро за независен пристап до вториот кат. Дел од задниот двор се пренаменува во корист на улични коридори и се гради гаража до која се пристапува од истата улица. До гаражата се појавува уште еден монтажен објект-остава. Цементниот под на дворот се препокрива со терацо. На вториот кат е проширена и заѕидана една просторија и дел од терасата. Волуменот на мансардата е заѕидан од столб до столб. Над отворите се појавуваат монтажни стреи. Фаза 4 (1973-2020) Дворот кон југ се отстапува за реализација на уличниот профил така што се трансформира во тротоар. Со ова, јужната фасада излегува на уличниот фронт. Се јавува замена на оригиналната столарија со нова стаклена во комерцијалните простори во приземје и ПВЦ во станбените делови на катовите. Над влезовите на продавниците се поставуваат тенди и клима уреди. Поставена е челична стреа на терасата на вториот кат, а бетонската ограда на кровот е отстранета. На јужната фасада се преобликуваат скалите во мермерни полукружни скали. (Според В. Османли)
- Бидејќи се работи за голем објект а е населен од едно семејство, е тежок за одржување. Големиот број доградби често со различни волумени и материјали придонесуваат за покомплицирано одржување, но и предизвикуваат проблеми како влага поради неконзистентност во покривот. Приземјето е секогаш окупирано од комерцијални намени кои претпочитаат големи застаклувања и реклами што се закани за автентичниот лик, но од друга страна генерираат профит и со тоа го одржуваат објектот.
- Има Куќата е заштитена, според магистерскиот труд како референца. Сепак, точна информација и решение не се достапни бидејќи на листата на УЗКН за 2024 објектите на Широк Сокак се водат по ул. „Маршал Тито“, па не е можно да се заклучи точно за која куќа се работи.
- авторство архитектонска и естетска општествена / социјална историскa Григорие Ташковиќ е добро познат архитект кој проектирал повеќе објекти во Битола. Александар Османли бил познат доктор, кој го донел првиот рендген во градот и тоа во неговата ординација токму во овој објект и од таму потекнуваат историските, авторски и општествени вредности на овој објект.
- Унифицирање на интервенциите кои се појавувале со тек на времето, и генерална реновација и одржување.
- Османли, В. „Куќата на фамилија Османли како модел за ново вреднување на куќите на улица Широк Сокак во Битола“ АФС УКИМ, 2020, Магистерска теза. Стерјовски, А. „Битола. Градби“ , Конзулат на Р. Србија во Р. Македонија, 2020. Грчев, К. „Архитектонските стилови во профаното градоградителство во Маедонија меѓу двете светски војни 1919-1940“, УКИМ, 2001.