Куќа на Александар Сотиривиќ
Објекти/Куќата е поставена како самостоен објект во поголем двор. Конципирана е на високо приземје, кат и потрковен простор само во еден дел од основата. Основата е замислена со засебен дел за послуга - кујна, остава на приземје, вешара во подрумот и соба на катот. Овој дел добива засебен надворешен влез и засебно скалиште, но е поврзан со делот за живеење. На страната кон внатрешноста на блокот, се појавува динамична игра на волумени со третманот на скалишното јадро кој е акцениран и ја надминува висината на венец.
Фасадата која е свртена кон надвор е по статичка и претставителна, со јасна поделба по катови и симетрија со мали отстапки - испуштена тераса на едната страна. Во централниот дел на високото приземје се појавува полуцилиндричен волумен кој е и тераса за вториот кат. Потоа централниот дел на катот е акцентиран со стреа и кровен надоѕидок со полукружен завршеток на прозор, што ја нагласуваат симетријата. На фасадите се појавува секундарна декоративна пластика.
Архитект Вангел Самарџиќ
Година на градење 1937
Инвеститор / Сопственик Александар Сотировски - македонски стрип-цртач и илустратор
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Белградска“ бр. 2
Катност По+ВП+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објкетот е изграден во 1937 год.КатностПо+ВП+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во високо приземје и катот биле наменети за станбени содржини. Главниот влез во објектот е на северната страна каде преку надвореши скали се пристапува кон високото приземје, додека пристапот за послугата се наоѓа на источната страна, дел кој добива засебно внатрешно скалиште, но е поврзан со делот за живеење. Во подрумот се простории за складирање и вешара.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Ѕидовите на приземјето и во катот се од полна тула со варов малтер. Објектот има дрвена меѓукатна конструкција. Кровната конструкција е дрвена.ПокривКровната конструкција е дрвена на повеќе води поркиена со ќерамиди. На јужната страна се наоѓа отворена тераса.ФасадаФасадата била малтерисана со цементо-варов малтер во цревно-окер боја. Плитка фасадна пластика околу прозорските отвори и аглите ја потецира хоризонталноста на елементите. Подрумот е обработен со штокован вештачки камен. Влезните скали се изведени од вештачки мермер.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Поделени се во три полиња со фиксно горно натсветло. Сите прозорски отвори имаат дрвени заштитни вградени ролетни на високо приземје.ПартерКуќата е слободностоечка во двор кој е ограден кон улицата со метална ограда поставена на низок бетонски ѕид во истата фасадна обработка.КонтекстОбjектот е поставен како самостојна градба во релативно голем двор, поместен од линиjата на уличниот фронт. Се наоѓа зад Битолскиот Театар на агол на улиците „Белградска“ и „Св. Кирил и Методиј“, на улица на која среќаваме повеќе впечатливи објекти од истиот или близок период.
- ПокривКровната конструкција е дрвена на повеќе води поркиена со ќерамиди. На јужната страна се наоѓа отворена тераса.ФасадаФасадата била малтерисана со цементо-варов малтер во црвено-окер боја. Плитка фасадна пластика околу прозорските отвори и аглите ја потецира хоризонталноста на елементите. Подрумот е обработен со штокован вештачки камен. Влезните скали се изведени од вештачки мермер.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Поделени се во три полиња со фиксно горно надсветло. Сите прозорски отвори имаат дрвени заштитни вградени ролетни на високо приземје.ПартерКуќата е слободностоечка во двор кој е ограден кон улицата со метална ограда поставена на низок бетонски ѕид во истата фасадна обработка.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраПромениВлезот во куќата е дополнително преграден со дрвена преграда. Претпоставка е дека фасадата е обоена дополнително. Забележителни се отстапки од проектираната состојба каде не се појавува поткровен простор, а со тоа е различен и изледот на скалишниот волумен на фасада. Второстепената пластика на фасада исто така не е прикажана во проектот.
- Постојат ризици од зголемување на оштетувањата кои во моментов се минорни.
- архитектонска и естетска авторство Односот на куќата кон различните природи на различни фасади и умешната игра со волумен. Вангел Самарџиќ е познат архитект од Битола. Дел од неговите проекти го вклучуваат проектот за нов современ културен центар по завршувањето на првата светска војна, куќа на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 14, инфраструктурна обнова на Широк Сокак и други.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D1%9C%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D0%BB._%E2%80%9E%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%B8_%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%E2%80%9C_%D0%B1%D1%80._14_(%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0) https://babambitola.mk/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-100-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB/ https://cineculture.gaussinstitute.org/star-teatar-3d/ Стерјовски, А., „Градби“, Конзулат на Република Србија во Република Македонија, 2020