Куќа на Петар Мачкиќ
Објекти/Се претпоставува дека куќата на Петар Мачкиќ е дело на чешкиот архитект Јан Дубови кој се залага за пробив на модерната на овие простори. Тргнувајќи од таму може да ги читаме неговите интенции во однос на архитектонското обликување во неговото творештво. Куќата на Петар Мачкиќ има тенденција за чистење на формите, меѓутоа и поголем динамизам на волумените и бегство од строгата симетрија. Тој го ангажира скулпторот Иван Мештровиќ да ја изработи лантерната над влезната партија во куќата, со што е евидентно дека не е тотално ослободен од декоративниот пристап за фасадно обликување. Куќата во својот план наликува на организација во вид на грозд, каде може да се пристапи од соба во соба со непрекинато движење. Кровната партија е немалтерисана и со ситни отвори на две спротивни фасади. Според Кокан Грчев скулптурата датира од 1927 год. и не е потврдено.
Архитект Јан Дубови
Година на градење 1934
Соработници Иван Мештровиќ - скулптор на фасадната пластика - Девојка со гитара
Инвеститор / Сопственик Петар Мачкиќ
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Кичево“ бр. 20
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е изграден во 1934 год.КатностСу+П+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во високо приземје и поткровјето биле наменети за станбени содржини. Сутеренот е достапен од јужната фасада каде има врата за пристап на иста висина. Главниот влез во објектот е на западната страна каде преку надвореши скали се пристапува кон високото приземје.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Ѕидовите на приземјето и во таванот се од полна тула со варов малтер. Објектот има дрвена меѓукатна конструкција. Кровната конструкција е дрвена на две води, затскриен со надоѕидоци.ПокривПокривната конструкција е дрвена на две води, затскриен со надоѕидоци.ФасадаФасадата била малтерисана со цементо-варов малтер. Влезните скали се изведени од вештачки мермер.СтоларијаНадворешните и внатрешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Прозорите се типични за раната модерна со акцент на хоризонталноста и се поделени на хоризонтални полиња.ПартерКуќата е самостоечка и е поставена во голема градина со непознато партерно уредување.Ентериер / Заеднички содржиниПодови од дрвен патос, ѕидови малтерисани или со дрвена ламперија, дрвени врати, дрвена опрема - елементи за одлагање и слично. На поткровјето е отворена и видлива структурата од тула и дрвената кровна конструкција кои никогаш не биле малтерисани. И таму подовите се од дрвени штици - патос.КонтекстСе наоѓа во урбан фрагмент во близина на главната променада - Широк Сокак, но сепак на уличка затскриена во органската структура на маалото. Се работи за пространа и зелена парцела која излегува со две страни на улица.
- ПокривПокривната конструкција е дрвена на две води, затскриен со надоѕидоци.ФасадаФасадата била малтерисана со цементо-варов малтер. Влезните скали се изведени од вештачки мермер.СтоларијаНадворешните столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Прозорите се типични за раната модерна со акцент на хоризонталноста и се поделени на хоризонтални полиња.ПартерКуќата е самостоечка и е поставена во голема градина со непознато партерно уредување. Обраснато зеленило.Ентериер / Заеднички содржиниПодови од дрвен патос, ѕидови малтерисани или со дрвена ламперија, дрвени врати, дрвена опрема - елементи за складирање и слично. На поткровјето е отворена и видлива структурата од тула и дрвената кровна конструкција кои никогаш не биле малтерисани. И таму подовите се од дрвени штици - патос.Состојба на надворешностакатастрофалнаСостојба на внатрешностакатастрофалнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениНема податок за вршени физички интервенции и промени, но функционално низ годините објектот од станбена куќа бил користен и како детска градинка, детско летувалиште и избирачко место.
- Доколку не се преземе целосна реконструкција и куќата продолжи да биде изложена целосно на надворешните услови, постои ризик истата комплетно да се сруши.
- архитектонска и естетска историскa авторство Јан Дубови е чешки архитект кој престојувал во Битола од 1934 неколку години, па се преселил во Скопје. Истиот ја основа групата архитекти на модерниот правец која дава искри за некаква нова архитектура. Петар Мачкиќ бил активист за култура од Битола и директор на Битолскиот музеј.
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и до останатите носители на одлуки: Земајќи ги предвид автентичноста, состојбата на сочуваност и културно-историското эначење на објектот како нераскинлив дел од развојот на Битола, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објекти. Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Milasinovic-Maric, D. "Ian Dubovi - Architect of the Belgrade astronomical observaroty" 2002 Константиновски, Г. (2001) Градителите во Македонија XVIII-XXвек. Скопје: Табернакул https://babambitola.mk/osamenata-devojka-so-gitara-vo-napushtena-kukja-bez-muzika-vo-bitola/