Станбена зграда на Илија Петров
Објекти/Куќата на Петрови проектирана индивидуална семејна куќа на Илија Петров и е дело на архитектот Методија Петков. Објектот има скулптурно решена композиција на фасадниот волумен каде аголната поставеност е третирана преку завиената форма во основа, поставување на трем, како и наголемување на целиот волумен на објектот кон аголот. Доколку аголот го поставиме како центар на композицијата, тогаш добиваме локална симетрија на двете аголни фасади, со исклучок на влезот. Композицијата на аголната фасада е третирање на просторната композиција повлечена и дополнета со елементот на балконот на аголот од катот и калканскиот ѕид кој е прекршен со тенденција за зголемување на аголот.
Влезната партија е потенцирана со портал, а приземјето е високо. Постои секундарен влез од една од споредните страни до кој се пристапува по надворешно скалиште, за кој претпоставка е дека е за послугата во куќата. Имаме апликација на секундарна пластика на повеќе места на овие фасади. Забележлива е употребата на по три елементи во различни делови на композицијата. Задните две фасади кои се ориентирани кон блокот се доста по смирени и едноставни. Се забележуваат кровни надоѕидоци на повеќе страни од објектот. На аголот на задната страна на објектот е поставено осветлување од фасада.
Архитект Методија Петков
Период 1930-1939
Инвеститор / Сопственик Илија Петров
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Борка Левата" бр. 2
Катност По+ВП+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностПо+ВП+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катот има станбени содржини. Во куќата се влегува преку северната страна со вовлечен влез. Постои и втор влез директно од улицата, кој се наоѓа на источната страна.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Кровна конструкција од дрвена граѓа.ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди, скриен позади надоѕидок на аголната фасада.ФасадаФасадата е малтерисана со цементо-варов малтер.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Влезните врати и кружните прозори се лакирани.ПартерКуќата е слободностоечка со заден двор со зеленило и бетонирани патеки. Од страна на главната фасада, на западната страна има мало бетонско цокле со декоративна метална ограда.КонтекстСе наоѓа во непосредна близина на булевар „1-ви Мај“ долж реката Драгор на кој се наоѓаат повеќе општествени објекти. Куќата е на агол на ул. „Борка Левата“ и „Судска“ и е воочлива од поголема дистанца. На овие улици се наоѓаат и други историски куќи препознаени како културно наследство.
- ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди, скриен позади надоѕидок на аголната фасада.ФасадаФасадата е малтерисана со цементо-варов малтер.СтоларијаНадворешните столарија е дрвена. Прозорските отвори се со двоен систем и се обоени бели. Влезните врати и кружните прозори се лакирани. Се забележуваат променети прозорци со ПВЦ оков.ПартерКуќата е слободностоечка со заден двор со зеленило и бетонирани патеки. Од страна на главната фасада, на западната страна има мало бетонско цокле со декоративна метална ограда.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностадобраПромениДополнително преградување на влезната партија. Промена на дел од столаријата и апликација на капаци и клима уреди на фасада.
- авторство архитектонска и естетска
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и останатите носители на одлуки да ги земат предвид вредностите кои објектот ги поседува, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објекти. Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Кокан Грчев