Станбена зграда на Стерја Маруш

Објекти/
Станбениот објект Маруши e проектиран во 1936 година како индивидуална семејна куќа на Стерја Маруш и се претпоставува дека е дело на познатиот архитект Јан Дубови. Куќата претставува вреден пример на модерната архитектура со елементи на конструктивизмот преставено преку смелата еркерна композиција на балконот на катот и е исклучителен пример на модерната во Битола. Главниот влез во објектот е од улицата Елпида Караманди еден директно од улицата и друг кои води низ главната порта во скалишното јадро. Објектот се развива во сутерен, приземје, и кат. Во фасадното обликување изведена е прочистена геометриска декорација, прозорските отвори се развиваат во хоризонтална контиунирана лента со умерени пропроции. Кубичната фасада ја разбива скалишното јадро и заоблениот еркерен балкон на првиот кат.
Архитект Јан Дубови
Година на проектирање 1936
Инвеститор / Сопственик Маруш - стар сопственик
Град / Општина Битола
Адреса ул. „Елпида Караманди“ бр. 8
Катност По+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена