Народна Банка - Трезор / Денес Конзулат на Република Бугарија

Објекти/
Објектот на поранешната Народна банка го наоѓа своето место помеѓу плеада објекти со слични општествени или јавни намени со репрезентативен карактер. Сите овие објекти се нижат на фронтот на река Драгор и булевар „1 Мај“. Среќаваме објекти од разни периоди почнувајќи од Безистенот, потоа Основниот и Апелационен Суд, Општинската зграда, Ректоратот на Универзитетот, средно училиште и други музеи, хотели итн. Партерот, издигнат за два скалници од тротоарот е ограден по ободот на парцелата со ѕидано цокле од околу еден метар над кое се извишува железна порозна ограда помеѓу ѕидани столпчиња со воедначен ритам. Оградата прекинува пред влезот во објектот, означувајќи ја неговата јавна функција. Дворот е внатрешно поделен со ограда помеѓу влезната партија - јавна, и останатиот зелен дел - приватен. На аголот помеѓу булеварот и ул. „Мирче Ацев“ се јавува полукружен елемент - стражарница. Влезот од споредната улица е исто така е нагласен со железна лачна порта во зидан портал завршен со манир на двоводен кров и секундарна пластика. Катноста на објектот По+П+1+Пк. Во однос на поделбата на фасада е строго симетричен, со испуштен средишен дел и нагласен влез и средишно надворешно скалиште. Нагласеноста на средишниот дел се истакнува со појавата на испуштен влезен трем со низа лаци, прозорците на катот исто така се со полукружен завршеток и кружни прозорци на влезната партија во приземјето.
Година на проектирање 1930
Соработници Григорие Ташковиќ (градежен изведувач)
Инвеститор / Сопственик Државна
Град / Општина Битола
Адреса Булевар „1 Мај“ бр. 53
Катност По+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема